- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
- Силна експлозија во близина на Волстрит
- Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
- Кривична против полицајци од Интервентна, употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице
- Тензии во воздухот: Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски авион над Црното Море
- Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
- Кривична за жител на Слупчане и државјанин на Турција, нелегално увезувале јод
- Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ
Author: Author 01
Македонскиот банкарски сектор е во одлична кондиција, а граѓаните и фирмите редовно си ги плаќаат ратите. Ова го покажува најновиот Извештај за ризиците на Народната банка за третиот квартал од 2025 година, според кој стапката на нефункционални (лоши) кредити падна на историски најниското ниво од само 2,3%. Советот на Народната банка оцени дека системот е сигурен, со висока солвентност и адекватност на капиталот од 19,5%. Резултатите од стрес-тестовите покажуваат дека домашните банки имаат „дебел штит“ и висока отпорност на потенцијални економски шокови. „Ликвидносната позиција зајакна со што покрива значителен дел од краткорочните обврски и од депозитите на домаќинствата… Банкарскиот сектор…
Даноците нема да се зголемуваат, но државата ќе се погрижи секој да го плати својот дел преку затворање на правните празнини. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, најавувајќи темелна ревизија на сите даночни и царински закони. Во интервју за „Економија и бизнис“, таа открива дека се менуваат застарени прописи, посочувајќи го Законот за ДДВ како пример каде одредени членови не се променети од 2000 година и создаваат забуни. Целта на овие измени не е само козметичка, туку да се спречи поединци да се правдаат со недоречености во законите и да го заобиколуваат системот. „Апсолутно нема да има промена…
Клучна средба во „5 до 12“ за крај на војната. Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека во најскоро време ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се стави точка на руската инвазија. Зеленски верува дека пресвртот може да се случи уште во наредните неколку дена. „Договоривме средба на највисоко ниво, со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи можат да се решат пред Нова година“, објави Зеленски на социјалните мрежи, потврдувајќи ја интензивната дипломатска активност меѓу Киев и Вашингтон.
Од 1 јануари 2026 година граѓаните ги чека вистински ценовен шок во здравствените установи. Иако од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) зголемувањето го оценија како „симболично“, новите цени на партиципацијата покажуваат драстичен скок, особено за итните случаи и специјалистичките прегледи. Најголемиот удар е кај општиот пакет за итни случаи, кој од досегашните 780 денари, вртоглаво расте на 2.450 денари. Значително поскапува и одењето на специјалист. Ако досега партиципацијата изнесуваше 380 денари, од Нова година граѓаните ќе мора да издвојат 720 денари за истата услуга. Основните услуги за кои се плаќаше 40 денари, сега ќе чинат 60 денари. Од ФЗО се…
Министерот Иван Стоилковиќ преку видео снимка одговори на обвинувањата на ДУИ за наводна етничка дискриминација при отпуштањето на седум вработени од Министерството за односи меѓу заедниците. Тој на Фејсбук го покажа, како што вели, „хаосот“ во канцеларијата каде што биле сместени овие службеници, иронично коментирајќи дека сега се испратени да си „спијат дома“. Според Стоилковиќ, не станува збор за дискриминација, туку за неработење, а фактот што тие се членови на ДУИ го нарече „случајност“. „Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која ‘работеа’ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност…
Дали Венко Филипче има удел во бизнисот на Зоран Заев за изградба на 42-катница во Дубаи и дали токму тоа е причината за добивање на „златна виза“? Ова прашање денеска јавно го постави ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на сведоштва на поранешен соработник на екс-премиерот. Од владејачката партија велат дека Томе Аврамски јавно обелоденил дека во Дубаи се гради облакодер и дека Заев и Филипче поседуваат станови таму. ВМРО-ДПМНЕ го предизвикува Филипче да објасни каква е неговата улога во овој мега-проект. „До душа, од Филипче имаше неуспешен обид да ја убеди јавноста дека златна виза ја добил откако бил во напредни преговори…
Жителите на дел од населбите Инџиково и Карпош денеска (петок, 26 декември) ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според известувањето од Регионалниот центар за управување со кризи, прекините се поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Распоредот на исклучувања е следен:
Попова Шапка утрово е најстуденото место во државата со измерени -4 степени, а веднаш зад неа се Маврови Анови и Крушево каде живата во термометарот покажа -1 степен. Во главниот град утрово се измерени 2 степени на Зајчев Рид и 3 кај Петровец. Нулата ја држат Берово и Лазарополе, додека најтопло е во Гевгелија со 6 степени. Според УХМР, иако утрото е облачно со услови за слаб дожд и снег во југозападните делови, во текот на денот нè очекува променливо време со сончеви периоди. Максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 10 степени.
Најмалку десет лица загинаа, а 32 се повредени во тешка автобуска несреќа што се случи во источната мексиканска држава Веракруз. Локалните власти потврдија дека меѓу жртвите има девет возрасни лица и едно дете. Трагедијата се случила во градот Зонтекоматлан, додека автобусот сообраќал на релација од главниот град Мексико Сити кон селото Чиконтепек. „Моментално потврдивме дека девет возрасни лица и едно дете починаа“, соопштија кратко од канцеларијата на градоначалникот на Зонтекоматлан, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен за згрижување на десетиците повредени патници. ? Eight dead and 19 injured in horror crash after bus plunges 600ft & flips down…
Три нови странски инвестиции во вкупна вредност меѓу 110 и 120 милиони евра најави премиерот Христијан Мицкоски. Според планот, влезот на германски, грчки и турски капитал ќе отвори над 1.500 нови работни места. Новите капацитети ќе бидат фокусирани во автомобилската индустрија, високите технологии и фармацевтскиот сектор, а ќе се градат на локации во Тетово и во индустриските зони во Скопје. Мицкоски потенцираше дека Владата води силен инвестициски циклус чија крајна цел е подобрување на животниот стандард. „Владата очекува во 2026 година, со нов закон и активни мерки, за првпат да се постигне едноцифрена стапка на невработеност. За активните мерки за…
