- Мицкоски од Охрид: Без образование градиме држава без темели, трпението за правдата е при крај и таа ќе ги стигне сите
- Двајца мотоциклисти тешко повредени во Прилеп и Радовиш, едниот е 15-годишен малолетник без дозвола
- Серија апсења во Скопје
- Битолчанец пресретнал девојка која се враќала од матура, ја затворил во автомобил и брутално ја претепал
- Ужас во Илинден: Татко упаднал во училиштен двор и брутално претепал соученик на неговиот син, обвинителството покрена постапка
- Тешка несреќа во гостиварско: 13-годишен малолетник итно пренесен во болница по пад од електричен тротинет
- Хорор во Гази Баба: Запалена свеќа предизвика пожар во стан, повредена 22-годишна девојка
- Драма во Скопје: Разбојници упаднале во дуќан и го запалиле, двајца полицајци итно пренесени на Токсикологија
Author: Author 01
Агресивната трговска агенда и острата реторика на Доналд Трамп кон Европа предизвикаа тектонски поместувања на Стариот континент. Европските сили забрзано се обидуваат да се прилагодат на новата американска надворешна политика која вклучува и драстични промени во воената стратегија. Германија веќе реагира со значително зголемување на своите одбранбени капацитети, додека Франција уште погласно инсистира на концептот за „стратешка автономија“ од САД. Од друга страна, Обединетото Кралство се обидува да балансира преку фокус на трговските односи и одржување на координацијата за Украина. Додека Европа бара чаре, Америка е длабоко поделена. Поддржувачите на Трамп ја гледаат оваа агресивност како позитивна сила, додека мнозинството…
Жителите на улицата „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар утре ќе се соочат со прекин на водоснабдувањето. Според известувањето од ЈП „Водовод и Канализација“, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Ленинова“ (сегашна „Аминта Трети“) до улицата „Орце Николов“. Прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае сè додека екипите не завршат со планираните активности. Причината за прекинот е технички зафат за изведување на нов водоводен приклучок со профил ф-80 мм на соседната улица „Пиринска“ бр. 49.
Оставката на јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесена непосредно пред закажаната собраниска седница е чин на бегство од јавна дебата и страв од соочување со аргументите. Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во емисијата „Став на регионот“ на ТВ Њузмакс Балканс. Според Петрушевски, Обвинителството е заробена институција која наместо да гони криминал, штитела високи функционери на претходната власт. Тој тврди дека довербата на граѓаните е на ниско ниво токму поради мал круг на обвинители кои ги кочеле процесите. „Јавното обвинителство е заробено од неколкумина јавни обвинители кои се на висока позиција на чело со овој што си даде оставка……
Дивок Ориги повеќе не е играч на Милан. Клубот од „Сан Сиро“ денеска и официјално ја прекина соработката со 30-годишниот напаѓач, кој последната година ја помина тренирајќи со младинците наместо со првиот тим. Ориги дојде во Милано во летото 2022 година како слободен играч од Ливерпул, но неговата авантура во Италија се покажа како целосно фијаско. По разочарувачката дебитантска сезона, тој беше испратен на позајмица во Нотингем Форест, каде исто така не се прослави. Откако се врати во Милано летово, му беше јасно ставено до знаење дека не е во плановите на тренерот. Сепак, тој одбиваше трансфер за да ја…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повлече клучниот потег за контрола над Јужна и Централна Америка. Генерал-потполковник Франсис Л. Донован е номиниран за нов шеф на Јужната команда (SOUTHCOM), во време кога тензиите во Карипското Море достигнуваат точка на вриење. Донован доаѓа на местото на адмирал Алвин Халси, кој ја напушти функцијата на 12 декември. Според американските медиуми, заминувањето на Халси не е само обично пензионирање, туку резултат на длабоки несогласувања со агресивната тактика на Пентагон. Халси наводно изразил резерви кон жестоките напади врз бродови на осомничени шверцери на дрога, операции во кои досега животот го загубија 104 лица. Со…
Државата да влезе во 2026 година со целосно подготвена стратегија за зелена транзиција. Ова е целта на Годишниот план што денеска го разгледуваше Советот за праведна транзиција под координација на Министерството за енергетика (МЕРМС). На состанокот беше заклучено дека овој документ е клучен за исполнување на обврските од Реформската агенда и Планот за раст. Сепак, министерката Божиновска предупреди дека успехот зависи од меѓуинституционалната координација. „Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска истакна дека успешната имплементација во 2026 година бара силна меѓуинституционална координација, јасни улоги и активна вклученост на сите релевантни институции, со редовно известување за напредокот преку Советот…
Експерти со докажано искуство, а не ПР-кампањџии ќе го подготвуваат Планот за управување со квалитетот на воздухот во Скопје, најави советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие преку социјалните мрежи порачаа дека новите мерки ќе бидат мерливи, а парите на граѓаните веќе нема да се трошат на проекти со сомнителен квалитет подготвувани од аматери. Реакцијата доаѓа откако Скопје со денови е на врвот по загаденост, а СДСМ побара прогласување на кризна состојба. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека борбата со аерозагадувањето е долготраен процес кој не се решава со ад-хок акции. „Мерките од овој план ќе бидат поддржани…
Јасна распределба на одговорностите и засилена меѓуинституционална координација се клучни за успехот на реформите. Ова е заклучокот од денешниот неделен состанок што го одржа премиерот Христијан Мицкоски. Фокусот на разговорите бил ставен на динамиката со која се одвиваат процесите и почитувањето на зададените рокови. Премиерот преку социјалните мрежи информираше за текот на состанокот. „Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите. Од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме…
Возач од „Македонија пат“ повреден откако со „ивеко“ удрил во друг камион „мерцедес“ на само 500 метри после клучката Желино на автопатот Скопје – Тетово. Возилото на „Македонија пат“ го управувал 54-годишниот Ј.С. од селото Рогле, а „мерцедесот“ 51-годишниот скопјанец Н.С. – Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово. Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, длабока цивилизациска вредност и уставна определба. Со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски денеска го честиташе 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Во честитката која тој ја објави на социјалната мрежа Фејсбук, се нагласува дека наставата на турски јазик е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство, кое директно придонесува за градење на образовен систем темелен на почит и еднаквост. Мицкоски вели, одговорноста е голема – да се обезбедат услови секое дете да има пристап до квалитетно образование, без разлика на неговиот мајчин јазик. „Овој ден нè потсетува дека образованието…
