- (ВИДЕО) Манасиевски: Соработката на Филипче и СДС со Бугарија преку Рубин Земон е целосно разобличена
- УХМР со најнова прогноза: Утре претежно сончево, попладне дестабилизација, а еве што не чека од понеделник
- (ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е заштитен, вистински патриотизам е интеграцијата во ЕУ
- Честитка од МОН за 24 Мај: Наша обврска е да градиме силен образовен систем кој ќе создава генерации со знаење
- Дневен хороскоп: Сонцето им носи силна харизма на Близнаците, емотивен мир за Рибите, а еве што ги чека останатите знаци
- (ФОТО) Успешно завршена спасувачка мисија на Кораб, повреден планинар итно пренесен во гостиварската болница
- (ФОТО+ВИДЕО) Акција во Скопје: Се чисти Железничката станица по децении запуштеност
- Честитка од Гаши за 24 Мај: Наследството на Светите браќа е трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности
Author: Author 01
Од вкупно 27 барања испорачани од грчките земјоделци, Владата веќе исполнила или позитивно одговорила на 16. Четири се во фаза на дискусија, додека седум се отфрлени бидејќи се финансиски неизводливи или се косат со правилата на ЕУ. Ова е билансот што го објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, порачувајќи дека државата е отворена за дијалог, но „не и за неразумни барања“. Во своето неделно обраќање, Мицотакис упати остра критика кон земјоделците кои веќе три недели ја држат земјата под блокада, нагласувајќи дека одбивањето дијалог не носи ништо добро. Премиерот предупреди дека последиците врз економијата и туризмот стануваат сериозни, особено во пресрет…
Ветувањето за „амајлија“ која ќе ги реши сите семејни проблеми чинеше една жена од Делчево 60.000 денари. Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот С.Ѓ. од скопското село Сарај поради измама. Измамникот успеал да ја убеди жртвата во моќта на неговите услуги во два наврати, еднаш во септември 2024 и повторно во март 2025 година, земајќи ѝ по 30.000 денари. Откако сфатила дека е измамена, случајот го пријавила во полиција. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Пријавениот, во септември 2024 и во март…
Пет лица, меѓу кои и малолетници, се повредени во две одделни сообраќајни несреќи што се случија изминатото деноноќие во Скопско и Кочанско. Заедничко за двете несреќи е што возилата, марка „Фолксваген Голф“, излетале од патот. Потешката несреќа се случила рано утрово кај кочанското село Прибачево, каде возач со 1,39 промили алкохол во крвта изгубил контрола. Во овој инцидент тешко се повредени 25-годишен сопатник и двајца малолетници. Претходно, доцна синоќа во скопско Ново Село, уште еден „Голф“ излетал од патот, при што тешко е повреден 26-годишен скопјанец. „На 20.12.2025 во 05:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат…
Насилство и грабнување на малолетничка ја вознемири јавноста во Прилеп. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 42-годишниот М.У. поради сомнение за сторено тешко кривично дело. Инцидентот се случил во населбата Тризла, каде осомничениот прво физички го нападнал девојчето, а потоа на сила го внел во своето возило. Поради сериозноста на настанот, тој се товари за кривично дело „грабнување“. „ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.У.(42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,грабнување“. На 19.11.2025 во населба Тризла во Прилеп, пријавениот физички нападнал малолетничка, по што со употреба на сила ја внел во патничко возило и…
Физички напад врз полициски службеник и пронајдено нелегално оружје е епилогот од инцидентот што рано утрово се случи во Градскиот парк во Скопје. Полицијата лишила од слобода 37-годишен маж, по потекло од Нигерија, кој поседувал американски документи. Ситуацијата ескалирала во 04:30 часот пред угостителски објект, кога лицето физички насрнало врз полицаецот кој извршувал службени дејствија. При претресот, кај него било пронајдено вистинско мало арсенал – пиштол „Глок“ со две рамки и 30 куршуми, за кои немал дозвола. „На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична…
М-НАВ информира дека успешно се завршени градежните активности за целосна демонтажа на преостанатите делови од стариот радар. Временскиот „прозорец“ со намален авиосообраќај овозможил работите да се реализираат брзо, безбедно и без никакво влијание врз редовното одвивање на летовите. Со оваа акција, теренот е целосно расчистен и подготвен за следната голема инвестиција – инсталација на нов, современ радарски систем кој значително ќе ја подобри контролата на летање. „Работите, како што информираат, биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај. Со…
Влезот на Јон Фрчковски во новото раководство на СДСМ предизвика остра реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија обвинуваат дека лидерот Венко Филипче, наместо да ја реформира партијата, промовира лица кои се поврзуваат со скандали за употреба на наркотици. Портпаролот Валентин Манасиевски потсети на фотографиите кои излегоа во јавноста пред неколку месеци, на кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се гледа како Фрчковски користи психотропни супстанци на работно место. Партијата прашува зошто Јавното обвинителство сè уште нема отворено предмет за овој случај и дали за „децата на транзициските функционери“ важат други закони. „Нереформираната СДС на чело со чуварот на фотелјата на Зоран Заев, Венко…
Скопската магла продолжува да прави проблеми во авиосообраќајот. Само во периодот од полноќ до 12 часот напладне денеска, авиокомпаниите откажале дури 20 летови, а еден лет бил пренасочен. Мал зрак надеж се појави по 11 часот кога временските услови дозволија да слетаат авионите од Дортмунд и Виена, а во процедура е и полетувањето за Хамбург. Сепак, прогнозите од Метео-службата на М-НАВ не се оптимистички – намалена видливост се очекува во преостанатиот дел од денов, но и во текот на утрешниот ден. Ова доаѓа по вчерашниот ден кога до 18 часот беа регистрирани 16 откажани и 11 пренасочени летови. Од ТАВ…
Намалената видливост поради маглата и предновогодишните веселби го вклучија алармот во Министерството за внатрешни работи. Само во периодот од 15 до 20 декември, на територијата на СВР Скопје се регистрирани дури 53 сообраќајни незгоди. Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, упати итен апел до возачите за максимална внимателност, особено во услови на густа магла. Тој потенцираше дека во овој период на забави, граѓаните никако не смеат да седнуваат зад волан доколку конзумирале алкохол. Покрај сообраќајот, полицијата ги засилува и активностите за сузбивање на нелегалната употреба на пиротехника, предупредувајќи дека петардите можат да предизвикаат трајни последици по здравјето, особено кај младите. „Министерството…
Четворица возачи завршија во полициска станица во една ноќ поради возење под тешко пијанство. Акциите се спроведени во Македонска Каменица, Берово, Битола и Струмица, а кај двајца од приведените, алкохолот веќе предизвикал сообраќајни несреќи пред да интервенира полицијата. Најкритично било во Македонска Каменица и Берово, каде возачи со „Ауди“ и „Пежо“ изгубиле контрола над возилата. Кај нив се измерени над 2 промили алкохол. Во Битола и на патот Валандово-Дојран, полицијата успеала навреме да исклучи од сообраќај двајца возачи пред да предизвикаат инцидент. Битолчанецот возел со 1,75 промили, додека кај возачот од струмичко Смолари биле измерени 2,06 промили. По комплетирање на…
