Close Menu
Press24
    Најново

    МВР со важно известување: Нови услови и правила за мотоцикли до 125 cm³

    12.06.2026 во 08:26

    Гром запали куќа, невреме го зафати целиот регион – Доаѓа и кон Македонија

    12.06.2026 во 08:19

    Како до поефикасен јавен превоз – Експерти и граѓани на дебата во Скопје

    12.06.2026 во 08:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР со важно известување: Нови услови и правила за мотоцикли до 125 cm³
    • Гром запали куќа, невреме го зафати целиот регион – Доаѓа и кон Македонија
    • Како до поефикасен јавен превоз – Експерти и граѓани на дебата во Скопје
    • Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија
    • Мицкоски на бизнис форум во Истанбул: Фокус на нови инвестиции и економска соработка
    • Водечките стоматолози од регионот во Скопје – Меѓународен стоматолошки конгрес К4
    • Ќе нема струја до 15 часот – Исклучувања во повеќе скопски населби
    • УХМР со викенд најава: Пад на температурите и невреме, па нов пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Образованието на мајчин јазик не е само потреба, туку длабока цивилизациска вредност

    Мицкоски: Образованието на мајчин јазик не е само потреба, туку длабока цивилизациска вредност

    21.12.2025 во 15:37Updated:21.12.2025 во 15:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, длабока цивилизациска вредност и уставна определба. Со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски денеска го честиташе 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

    Во честитката која тој ја објави на социјалната мрежа Фејсбук, се нагласува дека наставата на турски јазик е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство, кое директно придонесува за градење на образовен систем темелен на почит и еднаквост.

    Мицкоски вели, одговорноста е голема – да се обезбедат услови секое дете да има пристап до квалитетно образование, без разлика на неговиот мајчин јазик.

    „Овој ден нè потсетува дека образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност и уставна определба. Преку јазикот се пренесуваат знаењето, културната меморија и чувството на припадност, а преку училиштето тие вредности се претвораат во заедничко богатство на државата. (…) Како Влада, ја разбираме одговорноста да обезбедиме услови во кои секое дете ќе има пристап до квалитетно образование, без разлика на мајчиниот јазик. Инвестирањето во образованието и во наставата на мајчин јазик е инвестирање во довербата, во заедништвото и во иднината на државата“, стои во честитката.

    Прочитај повеќе

    МВР со важно известување: Нови услови и правила за мотоцикли до 125 cm³

    12.06.2026 во 08:26

    Како до поефикасен јавен превоз – Експерти и граѓани на дебата во Скопје

    12.06.2026 во 08:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.