Author: Author 01

Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов познат како Сокол, е прогласен за виновен и осуден на осум месеци ефективна затворска казна. Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за случајот „Затвор Скопје“, во кој Андов се товари за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување. За разлика од него, останатите обвинети во овој предмет поминаа со условни казни. Судот ги огласи за виновни сите инволвирани за дела поврзани со злоупотреби и несовесно работење во затворската установа. Оваа пресуда доаѓа по судскиот процес во кој се докажуваше одговорноста на раководството и вработените за пропустите во…

Повеќе

Вистинска среќа е што нема жртви на патиштата во пресрет на Новата година, со оглед на состојбата во која биле фатени неколку возачи во изминатите 24 часа. Полицијата лишила од слобода осум лица во повеќе градови, а најшокантниот случај доаѓа од Виничко. Еве го билансот на МВР за 30 и 31 декември: Сите возачи се задржани во полициски станици до истребнување и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Полицијата апелира вечерва да не се управува возило под дејство на алкохол.

Повеќе

Само еден ден пред дочекот на Новата година, скопската полиција спроведе успешна акција за сузбивање на нелегалната продажба на пиротехника. Во текот на вчерашниот ден, на Бит Пазар се запленети над 6.000 парчиња различни пиротехнички средства. Акцијата ја спровеле службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, кои по преземени оперативно-тактички мерки, на улицата „192“ ја лоцирале нелегалната стока. „Пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства. Известен е јавен обвинител, а пиротехниката е одземена“, информираат од МВР.

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во својата новогодишна честитка испрати силна порака за единство и меѓусебна доверба. Тој им посака на граѓаните здравје, мир и љубов, но потсети и на клучната лекција од годината што изминува. „Оваа година нè потсети на една суштинска вистина: дека одржливиот напредок не произлегува само од процеси и реформи, туку од единството, зрелоста за градење консензус и меѓусебната доверба. Само кога стоиме заедно… можеме да изградиме поправедна и посветла иднина за сите нас“, истакна Гаши. Тој повика новото поглавје во 2026 година да започне со отворено срце и верба во потенцијалот на општеството.

Повеќе

Сите македонски граѓани кои планираат да ја дочекаат Новата година во Грција можат да здивнат – патиштата и граничните премини ќе бидат слободни. Од денеска па сè до петок, грчките земјоделци нема да го блокираат сообраќајот, со цел да им го олеснат патувањето на граѓаните за празниците. Ова значи дека и граничниот премин Евзони, кој изминатите денови беше блокиран во периоди од 12 до 16 и од 18 до 22 часот, сега ќе функционира непречено. Иако тракторите остануваат паркирани покрај патот и на самата граница, тие нема да го попречуваат движењето на возилата. Ова „празнично примирје“ ќе трае три дена,…

Повеќе

Ако во вашето опкружување имате бебе што се вика Лука или Хана, не сте единствени. Ова се убедливо најчестите имиња што родителите во Македонија ги избирале за своите новороденчиња во текот на 2024 година. Според најновата публикација на Државниот завод за статистика, „Северна Македонија во бројки 2025“, трендот на кратки и звучни имиња продолжува, но не изостануваат ниту традиционалните. Топ 10 имиња за момчиња: Покрај Лука, најпопуларни машки имиња се: Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео. Топ 10 имиња за девојчиња: Кај девојчињата, по Хана, листата продолжува со: Јана, Софија, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера. Статистиката вели…

Повеќе

Доколку имате обврски во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, завршете ги навреме. Од претпријатието информираат дека денеска, на последниот ден од годината, се работи со скратено работно време. Шалтерите за наплата и рекламации, како и операторите во Дирекцијата, ќе бидат достапни за граѓаните од 07:30 до 15:30 часот. Утрешниот ден (1 јануари) е неработен за наплатните пунктови. Редовното работно време продолжува од петок, 2 јануари.

Повеќе

„Годината што ја испраќаме не беше лесна, но 2026 ќе биде година на раздвижување и вкупна преобразба на Македонија“. Ова е главната порака во новогодишната честитка на премиерот Христијан Мицкоски до граѓаните. Тој најави дека по периодот на стабилизација, следи офанзива на полето на економијата и инфраструктурата. „Година на економско зајакнување, со нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој… Година на надеж, но и на голема обврска! Обврска да се испорачаат резултати“, истакна Мицкоски. Премиерот им посака на граѓаните здравје, мир и сила, уверувајќи ги дека напорната работа ќе се исплати.

Повеќе

Вистинска драма се одвивала вчера напладне во трговски центар во строгиот центар на Скопје. Двајца 19-годишни момчиња од Романија извршиле дрзок грабеж во златарница, користејќи сила врз вработената. Тие влегле во дуќанот глумејќи заинтересирани купувачи и побарале да разгледаат накит. Во моментот кога продавачката ја извадила футролата со злато, тие со употреба на сила и ја грабнале од рацете и се дале во бегство. Сепак, нивниот план пропаднал благодарение на брзата реакција на Единицата за интервентна полиција. Крадците биле пресретнати и уапсени уште на самиот излез од трговскиот центар. „Кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено…

Повеќе

За околу 250.000 основци и средношколци денеска и официјално започнува зимскиот распуст. Учениците ќе можат да уживаат во празничниот одмор во наредните три недели, а училишното ѕвонче повторно ќе ги повика во клупите на 20 јануари 2026 година, кога стартува второто полугодие. Вториот дел од учебната година ќе донесе и продолжување на реформите. Надлежните најавуваат интензивирање на процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување на едносменска настава, систем со кој досега се опфатени 200 училишта низ државата. Крајот на оваа учебна година ќе биде особено важен за матурантите. Во јуни тие ќе полагаат државна матура по сосема нов концепт, кој…

Повеќе