- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, упати новогодишна честитка до граѓаните, најавувајќи дека годината што претстои ќе биде во знакот на интензивна работа и нови капитални зафати. „Во новата 2026 година влегуваме со зголемено темпо и уште повеќе проекти за Македонија!“, напиша Николоски на својот Фејсбук профил. Тој сподели и видео-осврт на, како што ја нарече, „одличната 2025 година“, во која биле започнати и завршени многу проекти, посакувајќи им на граѓаните среќна и весела година.
Од денеска, 1 јануари 2026 година, Бугарија официјално стана 21-ва членка на Еврозоната, со што левот се заменува со еврото како нова национална валута. Оваа промена е значајна и за македонските граѓани кои често патуваат кај источниот сосед. Иако еврото е официјално во употреба, следува преоден период. До 31 јануари ќе може да се плаќа и во левови, но трговците ќе мора кусурот да го враќаат исклучиво во евра. Фиксниот курс на конверзија е утврден на 1,95583 лева за едно евро. Од утрово, дури 96% од банкоматите во Бугарија издаваат само евробанкноти, а останатите ќе се прилагодат во следните две недели. За да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одлучи почетокот на Новата 2026 година да го дочека под отворено небо, во срцето на главниот град, опкружен со граѓаните. Неколку минути по полноќ, тој на својот фејсбук-профил сподели фотографии од атмосферата на плоштадот „Македонија“, каде што беше во придружба на својата сопруга Рози и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!“, напиша премиерот во својата објава.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ја завршува 2025 година со историски рекорд во наплатата на патарини. Заклучно со 23 декември, во државната каса од патарини се слеале вкупно 4.158.914.362 денари, односно приближно 67.624.624 евра. Според директорот на претпријатието, Коце Трајановски, оваа бројка ја прави 2025 година апсолутен рекордер, надминувајќи ги сите претходни години, дури и пред да заврши календарската година. Раст во однос на 2024 година Статистиката покажува дека заклучно со 23 декември, прометот е веќе зголемен за над 71 милион денари во споредба со вкупната наплата од целата претходна, исто така рекордна, 2024 година. Со оглед на тоа што преостануваат уште денови до…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска престојува во работна посета на Општина Кавадарци, каде што фокусот ќе биде ставен на неколку значајни инфраструктурни проекти. Според агендата, премиерот најпрво ќе изврши увид во градежните работи на новиот мост преку реката Луда Мара, кој води кон селото Марена. Потоа, предвидено е свечено пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито на потегот од мостот „Видео Смилевски“ до булеварот „Северен“. Мицкоски ќе ја искористи посетата и за увид во изградбата на фекалниот колектор „Опитно поле“, како и на затворениот пливачки базен. Овој спортски објект е финансиран од Министерството за спорт, а инвестицијата изнесува…
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ќе ја предводи делегацијата што ќе го посети првороденото бебе во 2026 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК). Покрај посетата на државната клиника, министерот ќе го посети и првороденото бебе во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Годинава, делегацијата е во проширен состав. Заедно со министерот Алиу, најавено е присуството на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заменикот министер за здравство, Јовица Андоновски, како и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска. За време на посетата во болницата во Чаир, на делегацијата ќе ѝ…
На денешен ден пред 14 години, престана да чука срцето на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија и политичар со исклучителна улога во создавањето на современата македонска држава. Роден во Штип во 1917 година, Глигоров беше архитектот на мирното осамостојување. Неговиот говор од 8 април 1993 година на говорницата на Обединетите нации, кога Македонија стана 181-ва членка на светската организација, останува запишан во историјата како прво обраќање на македонски јазик во ОН. Неговиот мандат беше одбележан и со трагичниот настан од 3 октомври 1995 година, кога врз него беше извршен неуспешен атентат со автомобил-бомба пред хотелот „Бристол“. И покрај…
Македонија ја доби најубавата вест во првите секунди од Новата 2026 година. Првото новороденче во земјава е девојче, родено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Според старите верувања, женско првородено дете носи среќа, мир и бериќет за целата година. Радосната вест ја споделија од самата Клиника преку нивната Фејсбук страница со куса, но емотивна порака: „На ГАК се роди принцеза“. Бебето е родено точно во 00:00 часот, додека надвор ечеа огнометите. Повеќе детали за среќната мајка и новороденчето се очекуваат во текот на утрото, кога традиционално се очекува и посета од државниот врв.
Сите граѓани кои планираат новогодишната ноќ да ја поминат во Албанија или патуваат кон западниот сосед, треба итно да ја променат својата рута. Патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ е во целосен прекин веќе повеќе од 24 часа. Причината е превртена цистерна која го попречила коловозот. Од СВР Охрид за МИА информираат дека иако екипите се на терен, поради „технички причини“ цистерната сè уште не е отстранета. За да не заглавите во колони, полицијата апелира да се користат алтернативните премини:
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска упати честитки до жителите на Шпанија и Португалија по повод големиот јубилеј – 40 години од нивното членство во Европската Унија (1 јануари 1986). Во видеообраќањето, таа ја истакна неверојатната трансформација на двете земји. За Португалија, Фон дер Лајен нагласи дека од „градина засадена крај морето“, земјата станала лидер во обновлива енергија и иновации. „Луѓето живеат подолго и заработуваат повеќе, беа изградени нови училишта, болници и автопатна мрежа. Вашето фадо, вашата судбина, се токму тука, во срцето на Европа“, порача таа. За Шпанија, претседателката на ЕК истакна дека членството означило враќање кон демократската…
