- Димитријевиќ: Обвинителот Ало Савески експресно го спаси Мицкоски од кривична пријава за само 2 недели
- Хорор во скопско: Пронајдено тело на млада жена со прострелна рана во главата
- Мицкоски: Ќе ги разочарам сите оние кои што навиваат оваа Влада да не успее
- Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи
- Јотова: Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание
- Манасиевски: Лагите на ССМ и СДС паѓаат во вода, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните
- Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери
- Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка
Author: Author 01
Првата идентификувана жртва на катастрофалниот пожар што избувна за време на новогодишната прослава во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана е 17-годишниот италијански голфер Емануеле Галепини. Тажната вест ја потврди Италијанската голф федерација, опишувајќи го како „млад спортист кој отелотворуваше страст и вистински вредности“. Додека семејствата тагуваат, излегуваат морничави детали за причината за несреќата. Сведоци за француските медиуми тврдат дека пеколот настанал од прскалки за роденден прикачени на шишиња шампањ. „Келнерките носеа шишиња шампањ со прскалки кои беа премногу блиску до таванот. Целиот таван беше во пламен за неколку секунди“, раскажуваат преживеаните, додавајќи дека морале да кршат прозорци за да избегаат од густиот чад.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во посета на Општина Кочани, каде што ќе присуствува на отворањето на новата детска градинка. Станува збор за објектот „Детелинки“, кој функционира во состав на Јавната општинска установа за деца „Павлина Велјанова“. Според информациите од владината прес-служба, новата градинка има капацитет да згрижи 114 деца. Во неа ќе бидат сместени дечиња на возраст од девет месеци до шест години, кои ќе бидат распоредени во вкупно шест воспитни групи.
Денешниот ден ни носи вистински зимски амбиент со исклучително ниски утрински температури. Според УХМР, минималната температура утрово се движеше во интервал од -14 до -6 степени. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Сепак, во попладневните часови во западните делови од земјата се очекува слаб локален дожд, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од -4 до 6 степени. Во Скопје е студено, со минимална температура од -11 степени, додека дневната ќе достигне едвај до 3 степени. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен јужен ветер.
Министерството за образование и наука (МОН) ги информира студентите дека од денеска, 1 јануари, па сè до 5 јануари 2026 година, е отворен рокот за пријавување за користење на правото на субвенциониран студентски оброк. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале во претходните рокови, можат да поднесат апликација електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk. Правото на субвенциониран оброк го имаат: Главен услов е студентите да имаат месечен приход помал од минималната нето плата. За техничка поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат на електронската пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје изврши увид во Старата скопска чаршија каде ноќеска се случи тежок инцидент со смртни последици. Според информациите од ОЈО, околу 01:00 часот по полноќ биле пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет. За жал, повредите биле фатални за едниот од нив кој починал малку подоцна, додека другиот е повреден. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека во инцидентот учествувала поголема група на граѓани и потврди дека оружјето употребено во нападот е нож. „Во конкретниот кривично-правен настан, согласно информациите што ги добив, имаме едно лице коешто е починато и…
Изборот на Народен правобранител мора да се надмине преку дијалог со пратеничките групи, бидејќи тоа е дел од извештајот на Европската комисија, порача премиерот Мицкоски. Тој најави интензивни разговори во наредниот период за да се одблокира ова прашање. „Ако навистина сите сакаме земјата да ја видиме како рамноправен дел од ЕУ, не гледам причина зошто едно такво решение да не биде поддржано,“ рече тој. Во однос на реформската агенда, Мицкоски најави тематска средба со министрите овој викенд или на почетокот на следната недела. „Мислам дека 8 или 10 од 12-те чекори предвидени за грејс периодот до јуни 2025 се веќе…
Системот „Safe City“ (Безбеден град) веќе ги дава првите сериозни резултати, оцени премиерот Мицкоски, сумирајќи ги резултатите за декември 2025 година. Според него, статистиката покажува драстично намалување на сообраќајните несреќи со фатални последици. „Во Скопје, во декември 2024 година, животот го загубиле 5 лица. Оваа година (декември 2025), ниту едно лице. Тоа ни дава за право да бидеме задоволни,“ рече Мицкоски. На годишно ниво, бројот на жртви во сообраќајот е намален од 142 во 2024 година на 131 лице во 2025 година. „Луѓето возат повнимателно, не само во градовите каде што има ваков систем, туку и на автопатите. Не очекуваме…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Владата продолжува со политиката на линеарно зголемување на пензиите. Следното покачување пензионерите ќе го добијат во април, со исплатата на мартовската пензија. „Да, ќе има повторно линеарно зголемување. Последните статистички параметри за нивото на сиромаштија и Џини коефициентот само дополнително ја оправдуваат оваа политика,“ истакна Мицкоски. Тој потсети на динамиката на зголемувањата: по 2.500 денари во ноември 2024 и април 2025, како и 1.000 денари во ноември 2025 година. „Така ќе биде и сега во април за мартовската пензија во 2026 година. Сакаме да го намалиме нивото на сиромаштија и Џини коефициентот, кој подразбира…
Наместо со славје, преминот од старата во новата година за дел од граѓаните во Скопје поминал во знакот на насилство, агресија и инциденти. Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше за бурна ноќ на скопските улици, каде полицијата морала да интервенира во повеќе наврати поради физички пресметки, нарушување на јавниот ред и мир, па дури и пожар. Малолетници претепале девојче во Влае Серијата пријави започнала со случај на врсничко насилство. На 31 декември, 42-годишна жена од село Волково пријавила дека нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната во парк во населбата Влае. Нападот го извршиле двајца малолетници кои девојчето ги познавало. Нервоза во…
Во текот на вчерашната ноќ убиен е турски државјанин во Скопје, информираше пред малку министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Рече дека во инцидентот учествувала поголема група на граѓани. -Во конкретниот кривично правен настан согласно информациите што ги добив имаме едно лице коешто е починато, едно коешто е потешко повредено, рече Тошковски, додавајќи дека во инцидентот искористен бил нож. Истражните органи имаат едно осомничено лице, кое во моментов е во бегство. Тошковски не сакаше да даде повеќе детали за да не ја наруши истрагата. Во одделен случај, двегодишно дете се бори за живот. Според одредени информации, детето имало прострелна рана…
