Author: Author 01

И покрај честите реакции на јавноста за загадувањето, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека при контролите во Титан Цементарница Усје не се пронајдени прекршувања на прописите. Директорката на ДИЖС, Ивана Гиновска, на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на 2025 година биле извршени вкупно шест надзори во оваа фабрика – два редовни и четири вонредни. „Последните вонредни надзори беа извршени ноќе, на 18 ноември во 22 часот со инспектор од Град Скопје и на 18 декември со инспектор од општина Кисела Вода. Кај сите надзори не се утврдени неправилности во работата на овој правен субјект“, истакна Гиновска. Во…

Повеќе

Сè уште нема нови информации за судбината на македонскиот државјанин кој се води како исчезнат по катастрофалниот пожар во ски-центарот Кран-Монтана, потврди денеска владината портпаролка Марија Митева. „Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство (меѓу исчезнатите). Во контакт сме со швајцарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста“, изјави Митева на денешната прес-конференција. Таа додаде дека институциите будно ја следат состојбата и се чека официјална потврда од швајцарските истражни органи за идентитетот на жртвите и повредените.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку видео обраќање ја поздрави вчерашната успешна акција во која беа запленети 10 килограми кокаин, искористувајќи ја приликата да направи паралела со ефикасноста на претходната власт. „За споредба, оваа количина запленета во само една акција е еднаква на онаа што претходната влада ја заплени за целиот свој мандат од 7 години“, истакна Тошковски. Според него, ова е јасен показател за променетиот пристап и зголемената оперативна ефикасност на МВР, кое сега системски и без отстапки се бори против организираниот криминал.

Повеќе

Голема количина на наркотична дрога е запленета во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи. Вчера, во селото Горно Количани, полицијата пресретнала автомобил „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 26-годишен скопјанец. По добиена наредба од судија на претходна постапка, извршен е детален претрес на возилото. Полициските службеници откриле импровизиран бункер во подвозјето на џипот, каде биле сокриени 10 килограми кокаин со висока чистота. Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 26-годишниот возач за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. „Бидејќи станува збор за големо количество дрога, се издадени наредби за испитување…

Повеќе

Почина двегодишното дете кое на новогодишната ноќ било примено со метално парче во главата. Основното јавно обвинителство нареди обдукција на телото на детето. Лекарите вчера соопштија дека примиле двегодишно дете со прострелна рана во главата и дека е во тешка состојба. Меѓутоа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потоа кажа дека истражните органи сѐ уште не можат да потврдат дека станува збор за прострелна рана. Постојат повеќе теории, рече тој.

Повеќе

Веста за страотниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој однесе најмалку 47 животи, ги отвори старите рани во Кочани. Роднините на загинатите во пожарот во „Пулс“, обединети во Здружението „16-ти март 2025“, испратија емотивно писмо до Швајцарската амбасада, изразувајќи длабока солидарност со семејствата на настраданите. „Ние, семејствата на починатите во пожарот во Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите“, стои во нивната порака. Тие истакнуваат дека оваа трагедија ги вратила во денот кога нивните животи се поделиле на „пред“ и „по“. „Од срце…

Повеќе

Започната е темелна реконструкција на Јавната општинска установа за деца – градинка „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1, објави премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за инвестиција вредна 108.941.063 денари, финансирана од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади. Проектот предвидува целосно обновување на објектот, вклучувајќи замена на покривната конструкција, реконструкција на внатрешните простории, обновување на санитарните јазли и поставување на нова топлотна изолација. „Со реализацијата на овој проект, не само што се модернизира објектот, туку и се овозможува простор што ги стимулира креативниот и социјалниот развој на децата“, истакна премиерот, додавајќи дека целта е создавање на енергетски ефикасен и…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за сообраќајната несреќа што се случи на 3 ноември 2025 година, во која животот го загуби велосипедистот Јорго Ќука. На обвинетиот му се става на товар дека сторил „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Според обвинението, тој управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“. Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, тој не ја приспособил брзината пред пешачкиот премин. „Возел со 53 километри на час, што е повеќе од дозволеното, и не успеал навремено да запре. Со предниот дел од возилото удрил во велосипедот кој во…

Повеќе

Утрово се измерени многу ниски температури низ целата држава, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Рекордер е Берово со -13 степени, но ништо потопло не беше ниту во Скопје, каде кај Петровец се измерени -11 степени, а на Зајчев Рид -9. Во Штип и Кавадарци утрово е -8, а во Охрид -7 степени. За денеска метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено време. Попладне во западните краишта ќе има врнежи од дожд и снег. Во Скопје максималната температура ќе достигне едвај 3 степени, проследена со умерен јужен ветер.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински, оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер, по катастрофалниот пожар во Кран-Монтана кој однесе околу 40 животи. Муцунски изрази подготвеност државата да ги стави на располагање своите медицински капацитети. „Изразив подготвеност нашата држава да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи“, информираше министерот. Дополнително, Македонија понуди и испраќање на стручен кадар. „Доколку има потреба, подготвени сме и македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да помогнат во процесот на лекување“, порача…

Повеќе