- Трагедија во Ростуше: Маж почина откако се превртел со трактор
- Голема заплена во Идризово: Пронајдени дури 92 кесички со прашок и дигитална вага при претрес во затворот
- Се обидела да внесе дрога во Идризово: Млада скопјанка падна во рацете на полицијата
- Со полн мандат и поголема одговорност – ФЗО продолжува со реформи и развој
- Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера
- Најмалку четворица загинати при уривање на зграда во Мароко
- Албанските студенти најавија протест во Тирана за поддршка на студентите од Македонија
- Градоначалник заработи кривична – ја злоупотребил службената положба
Author: Author 01
Продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска ќе донесат драстична промена на времето. Врнежите од дожд, кои се веќе присутни, во текот на денот ќе преминат во снег на повисоките места, но и во некои од пониските делови на државата. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, додека помала покривка се очекува и во пониските населени места. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 10 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Врнежи од дожд се очекуваат особено кон крајот на денот и во текот на…
Одлични вести за љубителите на зимските спортови од кавадаречкиот регион – ски-патеката „Македонија“ во одморалиштето Михајлово официјално ја отвори новата сезона. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираат дека патеката започнува со работа денеска. „Патеката ќе функционира до 19:00 часот, а по потреба и до доцните вечерни часови“, се наведува во соопштението. Ова е втора година по ред како оваа локација е активна во зимскиот период, нудејќи услови за рекреација и спорт за посетителите.
Меѓу исчезнатите лица во трагедијата во швајцарскиот бар „Ле Констелејшн“ е и 15-годишно девојче од Грција кое живеело во Швајцарија. Грчките медиуми јавуваат за драмата низ која поминува нејзиното семејство. Нејзиниот брат преку социјалните мрежи објави фотографија и апел за каква било информација, бидејќи од моментот на избувнувањето на пожарот ѝ се губи секаква трага. Во меѓувреме, Грција официјално изрази подготвеност да помогне. Дипломатски извори брифираат дека Атина понудила да прими дел од повредените преку европскиот механизам за цивилна заштита, доколку капацитетите во Швајцарија и соседните земји бидат преполнeти.
Додека милијардерот Илон Маск ветува дека хуманоидниот робот „Оптимус“ ќе ја лансира вредноста на „Тесла“ во стратосферата, Кина тивко, но агресивно работи на тоа да го преплави пазарот пред американскиот гигант воопшто да започне со сериозна продажба. Аналитичарите предвидуваат дека 2026 година ќе биде пресвртна точка, кога мноштво кинески компании ќе започнат со масовно производство, претркајќи ги западните ривали. Стратешка предност пред САД Андреас Браухле, партнер во консултантската куќа „Хорват“, за CNBC истакнува дека Кина веќе има „почетна брзина“. „Кина моментално ги предводи САД во раната комерцијализација на хуманоидните роботи. Иако се очекува двете земји со текот на времето да изградат…
Најмалку 40 лица го загубија животот, а 119 се повредени во катастрофалниот пожар што избувна во 1:30 часот по полноќ во популарниот бар „Ле Констелејшн“ (Le Constellation) во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. Драми во подрумот и тесниот излез Според сведоштвата и првичните сознанија, во барот имало голем број млади луѓе кога избувнал пожарот. Ситуацијата станала хаотична кога толпата, во паника, се обидела да избега од подрумските простории. Бегството било отежнато поради тесните скали и само едната тесна врата. Во очај, дел од присутните кршеле прозорци за да се спасат од густиот чад и пламенот. Сведоците опишуваат и експлозии, за кои се претпоставува дека биле предизвикани од испуштање на запаливи гасови под влијание…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на 12 јануари ќе се одржи клучниот состанок со сопствениците и менаџментот на турската компанија „АКСА“, на кој дефинитивно ќе се зацементираат приоритетите за мега-инвестицијата во гасификација. Одговарајќи на новинарски прашања во Кочани, Мицкоски истакна дека ако сè се одвива според планот, камен-темелникот ќе биде поставен на есен 2026 година. „Физибилити студијата е веќе направена од реномирана светска куќа, параметрите се јасни и приоритетите се дефинирани. На 12 јануари очекувам да ги констатираме финалните чекори“, рече премиерот. Станува збор за инвестиција вредна една милијарда евра која треба трајно да го реши проблемот со енергетската стабилност и…
По години неизвесност, штрајкови и доцнење на платите, државната компанија „Македонска пошта“ влегува во фаза на целосна консолидација и модернизација. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за ТВ Алфа објави амбициозен план кој треба да го врати сјајот на националниот поштенски оператор. Според Николоски, клучен успех на новата Влада е што успеала да ја стабилизира компанијата без да отпушти ниту еден вработен, иако состојбата која ја затекнале била катастрофална. Парадоксот на поштенскиот пазар Министерот презентираше шокантни податоци за финансиската нелогичност на македонскиот поштенски пазар. Тој истакна дека е недозволиво приватните оператори да го подигаат „кајмакот“,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица – Ш.Ф. (54) и З.З. (48) од Тетово, М.Ф. (29) од Долно Количани и И.А. (54) од Шемшево, поради сомнение за сторена измама при купопродажба на недвижен имот. Драмата започнала во декември 2024 година, кога првоосомничениот и второосомничениот ја убедиле жртвата дека можат да ѝ посредуваат за купување куќа во Тетово, наводно сопственост на нивни роднини, по цена од 135.000 евра. Жената, верувајќи им, во два наврати им исплатила вкупно 8.600 евра. Измамата била откриена во март 2025 година, кога оштетената дознала дека куќата е во сопственост на сосема друго лице. Кога се…
Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) ја заврши 2025 година со решени вкупно 1.040.137 предмети, со што целосно се расчистени заостанатите предмети кои чекале на обработка. Од Агенцијата информираат дека во моментов сите тековни барања се решаваат навремено, без застој и во законските рокови. Оваа ефикасност е постигната и покрај зголемениот обем на работа. „Бројот на тековно примени предмети во 2025 година е зголемен за 8 проценти во споредба со 2024 година, но и покрај тоа, бројот на нерешени тековни предмети е намален за драстични 47,4 проценти“, се вели во соопштението. Во делот на графичкиот регистар на градежно земјиште, ефикасноста е…
И покрај 24-часовниот мониторинг и максималните напори на медицинскиот тим на Клиниката за неврохирургија, двегодишното дете кое настрада во новогодишната ноќ, за жал, им подлегна на повредите. Од Министерството за здравство попладнево информираа дека детето било примено со тешки повреди на мозокот предизвикани од метален предмет. „Детето беше интубирано, поставено на механичка вентилација и ординирана му беше соодветна терапија. Сепак, интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво беше таков што не дозволуваше хируршко лекување“, се наведува во соопштението. Лекарите констатирале дека повредите се некомпатибилни со животот, што довело до трагичниот исход.
