- Јаневска од Лондон: Голема благодарност за професорката Илиевска Завршник за афирмацијата на македонскиот јазик во Велика Британија
- Мицкоски: Ја потврдивме заложбата за продолжување на реформите кон европски стандарди
- „Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината
- Серија кражби во тетовските џамии – приведен 16-годишен тинејџер
- ВЛЕН: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик
- Бизарен случај: Прогласен за мртов, па „оживеал“ на масата во погребалната куќа
- Пациент заразен со ебола пристигна во Европа
- Нови правила во ЕУ: Ќе се воведат казни за доцнење на возовите
Author: Author 01
Серија апсења за возење под дејство на алкохол спроведе полицијата во текот на вчерашната вечер и ноќеска, при што четири лица завршија во полициска станица. Најдраматично било во виничкото село Блатец, каде пијанството предизвикало сообраќајна несреќа. На 7 јануари во 20:20 часот, М.К. (43) управувајќи „ауди“ излетал од патот кај местото „Стопанство“. Полицијата утврдила дека тој возел со неверојатни 2,38 промили алкохол во крвта. Рекордни вредности се измерени и кај младиот В.Р. (19) од Македонска Каменица. Тој бил запрен ноќеска во 01:42 часот со „фиат пунто“, а алкотестот покажал 2,15 промили. Во мрежата на полицијата паднаа и Д.Д. (49) од Пробиштип со 1,74…
Мобилната телефонија во Македонија продолжува да биде главно средство за комуникација, со вкупно 2.105.467 активни претплатници заклучно со третиот квартал од 2025 година. Граѓаните сè повеќе се префрлаат на договори (постпејд), напуштајќи ги припејд картичките. Бројките го потврдуваат овој тренд: Во овој квартал, македонските граѓани реализирале неверојатни 1.299.617.051 минути разговор. Паралелно со разговорите, интернетот е неизбежен дел од секојдневието. Пристап до интернет преку мобилна мрежа (2G/3G/4G/5G) имале дури 1.781.697 корисници, што е близу до вкупниот број на полнолетно население во државата.
Обилните дождови во текот на ноќта предизвикаа најголема криза во Кичево, каде состојбата наложи итна евакуација на населението. Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК), околу 100 лица морале да ги напуштат своите домови. Најкритично било на улицата „Прилепска“, каде водата навлегла во повеќе станбени објекти. Евакуираните граѓани се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. „На евакуираните им е обезбедена храна,вода и основни потреби. На терен цела ноќ интервенираа екипи на Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари и комуналните претпријатија“, информираат од ЦУК. Покрај урбаниот дел, во кичевско се излеале и реките Зајашка (кај стадионот и новото училиште) и Треска, при што е поплавено голема површина на земјоделско…
Најрадосниот христијански празник се претвори во место на злосторство во белградската населба Звездара. Шеснаесетгодишниот Д.П. на Божиќ се обиде да ги убие своите баба и дедо во семејната куќа, а потоа свртел пиштол кон себе. Мотивот за овој крвав пир, според првичните сознанија од истрагата, се пари. Малолетникот наводно барал сума од 18.000 евра. Откако бабата и дедото одбиле да му ги дадат парите, тој го извадил оружјето. Дедото З.П. (68) бил застрелан директно во главата и итно е префрлен на Военомедицинската академија (ВМА) во животозагрозувачка состојба. Бабата С.П. (67) има прострелна рана во раката и е стабилна. Откако пукал во…
Обилните врнежи од снег предизвикаа сериозни измени во сообраќајниот режим на клучните патни правци во државата. Најновата информација од АМСМ, која стапи на сила во 09:25 часот, се однесува на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Таму е воведена целосна забрана за движење на автобуси, додека за автомобилите е задолжителна употребата на зимска опрема (синџири). 48-часовна блокада на ГП Меџитлија Важна информација за транспортерите: Од 10:00 часот денеска (08.01), на Граничниот премин Ники (ГП Меџитлија) стапува на сила забрана за влез на товарни возила во Грција. Оваа забрана ќе трае цели 48 часа, односно до 10 јануари во 10:00 часот. За патничките возила…
Дваесет и тригодишната А.Ј. од Скопје вчера попладне (07.01.2026) беше лишена од слобода во спектакуларна акција на полицијата, откако самата упаднала во стапицата што ѝ ја подготвиле инспекторите. Скопјанката е осомничена за три извршени измами и еден обид за измама. Нејзиниот „бизнис модел“ бил едноставен, но ефективен – објавувала лажни огласи на социјалните мрежи за издавање станови во Тетово. Жртвите ги убедувала однапред да ѝ пратат пари, или на трансакциска сметка или во кеш, преку возачи на автобуси кои сообраќаат на релација Тетово-Скопје. Кобната грешка Серијата измами завршила кога еден совесен граѓанин од Тетово, откако стапил во контакт со неа за…
Во вчерашното гостување на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на темата за правосудството за што истакна дека правосудниот систем во земјава е во одреден дел контаминиран од страна на поранешната влада на СДС и ДУИ, особено во делот на измените на Кривичниот законик. Според него, некои лица од претходната власт можат да се повикуваат на поповолни закони, што како што вели тој, е најголемиот проблем, затоа што создале правна основа за сопствена амнестија. „Генерално луѓето во правосудството се чесни луѓе. Има еден мал дел, којшто е контаминиран, и којшто за жал го контаминира целиот систем. Тоа…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за временската состојба изутринава, кои покажуваат дека зимата пристигна со полн интензитет. Во 7 часот, најниската температура е измерена на Попова Шапка (-4 степени), каде што има и најголема снежна покривка од 31 сантиметар. Снег има и во Крива Паланка, каде висината на покривката изнесува 2 сантиметри. Рекордни врнежи Изминатите 24 часа донесоа обилни врнежи, пред сè од дожд, кои на места надминаа 50 литри на метар квадратен. Значителни количества наврнаа и во Пожаране (35), Крива Паланка (34), Битола (32) и Тетово (31). Во Скопје се измерени помеѓу 12 и 14 литри на метар…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со детален извештај за штетите предизвикани од обилните врнежи што ја зафатија државата во изминатите 24 часа. Заклучно со синоќа во 21:00 часот, состојбата е најкритична во западниот и југозападниот регион, каде се регистрирани излевања на реки, поплавени домови, земјоделско земјиште и сериозни проблеми во сообраќајот. Кичево најпогодено: Евакуирани 60 жители Најдраматично било во Кичево, каде надлежните служби морале итно да интервенираат. Евакуирани се вкупно 60 лица од нивните домови на улицата „Прилепска“, откако водата навлегла во станбените објекти. Гостивар и Тетово: Вардар се излеа, одрони на патиштата Во гостиварскиот регион, кај Балин Дол, реката…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во Општина Гевгелија, каде фокусот е ставен на капиталните инвестиции во локалната инфраструктура и образованието. Главниот настан е свеченото пуштање во употреба на новата градинка „Сончогледи“, проект вреден 56 милиони денари. Покрај ова, Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на Старата градска чаршија, за што се издвоени над 40 милиони денари. Агендата вклучува и посета на локацијата за новиот парк, кој се протега на површина од 3.150 метри квадратни.
