Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филмско апсење во Скопје: Полицијата ѝ пратила празно плико по автобус, измамничката дошла да ги земе „парите“ и завршила со лисици

    Филмско апсење во Скопје: Полицијата ѝ пратила празно плико по автобус, измамничката дошла да ги земе „парите“ и завршила со лисици

    08.01.2026 во 09:591 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дваесет и тригодишната А.Ј. од Скопје вчера попладне (07.01.2026) беше лишена од слобода во спектакуларна акција на полицијата, откако самата упаднала во стапицата што ѝ ја подготвиле инспекторите.

    Скопјанката е осомничена за три извршени измами и еден обид за измама. Нејзиниот „бизнис модел“ бил едноставен, но ефективен – објавувала лажни огласи на социјалните мрежи за издавање станови во Тетово. Жртвите ги убедувала однапред да ѝ пратат пари, или на трансакциска сметка или во кеш, преку возачи на автобуси кои сообраќаат на релација Тетово-Скопје.

    Кобната грешка Серијата измами завршила кога еден совесен граѓанин од Тетово, откако стапил во контакт со неа за стан, се посомневал во приказната и случајот го пријавил во СВР Тетово. Полициските службеници, во координација со Единицата за економски криминал и СВР Скопје, организирале „контролирана испорака“. Преку возач на автобус било испратено празно плико, наводно со бараните пари. Кога А.Ј. се појавила во Скопје кај возачот за да го подигне „пленот“, наместо пари, добила лисици на рацете. Таа е приведена и задржана во станица.

    Прочитај повеќе

    Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

    22.10.2026 во 18:13

    Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје

    22.10.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.