- Јоргованот и старите велигденски обичаи
- Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток
- Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД
- Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“
- Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%
- Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
- Татко и двајца синови со боксирачи и гасен пиштол претепале вработени на гробиштата во Бутел: Обвинителството бара притвор
- Хоџа: Градиме модерен систем за менаџирање со водите по европски стандарди
Author: Author 01
Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел и бензин најмалку до 15-ти, а можеби и до 25 јануари. Ова го истакна српскиот претседател Александар Вучиќ, обидувајќи се да ги смири граѓаните по информациите за проблемите со нафтената индустрија. Иако државата веќе 70 дена функционира без увоз на нафта, Вучиќ тврди дека енергетскиот систем е стабилен и дека нема причина за паника пред претстојните празници. Сепак, тој призна дека ситуацијата е исклучително комплицирана. Клучниот проблем лежи во статусот на НИС (Нафтна Индустрија Србија), за што Белград следната недела ќе испрати итни барања до американската канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК)…
Италијанската полиција спроведе една од најголемите операции против илегалната трговија со дрога во последно време, која резултираше со заплена на вкупно 1,4 тони наркотици. Билансот на акцијата е 384 уапсени лица. Опсегот на истрагата е широк, па покрај уапсените, под истрага се ставени уште 655 лица. Загрижувачки е податокот дека меѓу осомничените се вклучени и 39 малолетници. Полицијата за време на рациите пронајде и одзеде 35 килограми чист кокаин, но и повеќе од 40 парчиња огнено оружје, што укажува на сериозната вооруженост на нарко-групите. Посебен фокус на акцијата беа продавниците за канабис. Извршени се контроли во 312 такви објекти низ…
Сообраќајна контрола во 2 часот по полноќ на улицата „Благој Ѓорев“ открила возач со 1,62 промили алкохол во крвта. Но, приведувањето на велешанецот не поминало мирно – ситуацијата ескалирала откако тој бил однесен во полициските простории. Откако бил лишен од слобода поради управување на возило „Рено“ под дејство на алкохол, 49-годишниот М.Н. физички нападнал еден од полициските службеници во станицата. Велешанецот сега заработи две кривични пријави. Освен за пијанството зад воланот, тој ќе одговара и за напад врз службено лице, согласно членовите 297-а и 383 од Кривичниот законик. „Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од…
Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички барања што ги испорача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешниот Конгрес, но не изостана и барањето за целосен ветинг на сите функционери во изминатите три децении. Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на таканаречен „извршен Бадентер“. Според овој механизам, секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од вкупното мнозинство пратеници, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници. Покрај уставните измени, Ахмети инсистираше и на „прочистување“ на политичката…
Со трпезариска столица ја удирал по главата и телото, а потоа ја влечел кон терасата со закани дека ќе ја фрли долу. Вака се одвивала грозоморната драма во семеен дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, каде 56-годишник брутално ја нападнал својата вонбрачна партнерка. Освен физичкото насилство, насилникот ја присилил жената да се соблече и врз неа извршил полови дејствија против нејзина волја. „Осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Ја удирал по телото, лицето и главата, па дури зел трпезариска столица и ја удрил и со…
Македонскиот етер остана без еден од своите најпрепознатливи гласови. По кратко боледување, на 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ, легендарниот радио-водител и музички новинар кој со децении ја едуцираше публиката за квалитетна музика. Тажната вест за неговото заминување ја потврдија неговите блиски пријатели и соработници. Костиќ беше неуморен до самиот крај. Само во ноември минатата година, тој прослави половина век од култната емисија „Диско селектор“ со спектакуларниот настан „Последниот танц“ во арената „Јане Сандански“. Роден во Скопје во 1950 година, кариерата ја градеше во Радио Скопје. Ќе остане запаметен по емисиите „Диско селектор“ која стартуваше во јуни 1974 и „Заборави…
Јас сум единствен легален учесник во сообраќајот во таа несреќа. Вака пратеникот од Левица, Сашко Јанчев го прокоментира поднесувањето обвинение од страна на ОЈО против него за сообраќајката во Марино во која загина 16-годишниот Матеј Димовски. .Јанчев тврди дека случајот се користи за политичка пресметка, а демантираше и дека шпекулациите оти бил под дејство на алкохол или дрога. -Најпрво жал ми е за се што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на ова. Веднаш после настанот пружив помош и повикав помош. Направив се што можеше да се направи. Морам да забележам дека брза помош чекавме цели…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обелодени скандал од огромни размери, обвинувајќи го поранешниот директор на „ЕСМ Снабдување со топлина“, Бујар Дардишта, дека заедно со уште 32 лица е вмешан во перење пари во висина од 2 милиони евра. Според партијата, Дардишта, како кадар на ДУИ одобрен од СДСМ, бил дел од шема за местење на тендер вреден 8 милиони евра во 2023 година за потребите на државната енергетска компанија. Петрушевски на прес-конференцијата детално ја опиша постапката, посочувајќи дека раководството на ЕСМ наместило јавна набавка за „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор“. За да се реализира планот,биле договорени две фирми – една од Куманово и една од Скопје. Кумановската фирма намерно…
„Новите лица“ во тимот на Венко Филипче се всушност старите и компромитирани кадри на Зоран Заев, обвини денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција, партијата посочи дека именувањето на луѓе како Александар Наумоски и Драган Крајовски во новото раководство е доказ дека СДСМ не нуди никаква промена, туку само рециклирање на неквалитетни и некомпетентни функционери по диктат на поранешниот лидер Заев. Според ВМРО-ДПМНЕ, со ваков кадровски потенцијал, опозициската партија на следните избори ќе освои помалку од 100.000 гласови. Манасиевски потсети на владеењето на Александар Наумоски како градоначалник на Ѓорче Петров, истакнувајќи дека тој е запаметен по зголемувањето…
Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици ја потресе неготинската околина ноќеска, откако живот го загуби малолетно лице. Трагедијата се случила во селото Тимјаник педесетина минути по полноќ, кога 17-годишно момче, управувајќи мопед, изгубило контрола и удрило во бетонски столб. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, ударот бил кобен за тинејџерот кој живеел во истото село. Екипа на Итната медицинска помош од Неготино веднаш пристигнала на местото на несреќата, но лекарите можеле само да констатираат смрт кај возачот, кој починал на самото место од здобиените повреди. Полицијата извршила увид за да се утврдат причините кои довеле до губење на…
