- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги повика Заев и останатите да ги вратат парите и да одговараат пред правосудството
- „Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?
- Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива
- Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства
- Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена
- Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“
- Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
- Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
Author: Author 01
На граничниот премин Ники (ГП Меџитлија) воведена е забрана за движење на товарни возила. Според известувањето од АМСМ, оваа забрана ќе трае до 10 јануари до 10:00 часот. Важно е да се напомене дека сообраќајот за патнички моторни возила не е во прекин и се одвива со нормален тек. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
По релативно мирниот петок, викендот носи значителна промена на временските услови. Во сабота ќе има локални врнежи – на планините и повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува зголемување на снежната покривка. Вистинското заладување настапува од недела, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Температурите ќе бидат во опаѓање, при што наместа дневните максимуми ќе останат под нулата, а ќе има и повремени локални врнежи од снег. Стабилизација и суво време метеоролозите најавуваат од вторник.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури се движеа од минус 9 до минус 2, додека дневниот максимум ќе достигне од 3 до 9 степени. Промена на времето се очекува кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога во северозападните делови ќе започнат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во Скопје: Слично време со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Утринската температура се спушти до -6, а дневната ќе достигне до 4 степени.
Шемата со „лажни лекари“ продолжува да зема жртви. Само еден ден по случајот во Штип, слична драма се одвивала и во Виница. Вчера во 17:30 часот, 77-годишен жител на градот пријавил во полиција дека бил измамен за сума од над 430.000 денари. Кошмарот за виничанецот почнал со телефонски повик. Непознато лице му се претставило како лекар и му соопштило шокантна вест – дека неговата ќерка наводно имала тешка несреќа, скршила нога и итно ѝ е потребна операција за вградување на шипки. Вознемирениот татко, во обид да помогне, се согласил да ја плати бараната сума. Според пријавата, тој во неколку наврати ги…
Точно на полноќ завршува изборната кампања за повторените локални избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборниот молк стапува на сила веднаш потоа и ќе трае до затворањето на гласачките кутии, в недела на 11 јануари во 19 часот. Според Државната изборна комисија (ДИК), дистрибуцијата на гласачкиот материјал е во тек. Гласачките ливчиња и уредите за биометриска идентификација денеска се доставуваат до Општинските изборни комисии, од каде што ќе ги преземат Избирачките одбори. Гласањето започнува утре, сабота, кога своето право на глас ќе го остварат болните, изнемоштените и лицата во затворите. Најмногу пријавени за гласање во домашни услови…
Ја фатија со празен коверт под сомнение за четири, а сега ѝ најдоа уште осум измами. Полицијата открила дека 23-годишната А.Ј. од Скопје за која претходно соопшти дека е вчера била приведена под сомнение за лажно издавање станови во тетово, всушнот „оперирала“ во повеќе градови низ државата. Одделот за криминалистичка полиција во координација со секторите за внатрешни работи (СВР) низ државата, денеска документираше уште осум нови случаи. Според полицискиот билтен, младата скопјанка покрај во Тетово и Скопје, извршила измами и на подрачјата на: Против неа ќе бидат поднесени пријави за вкупно седум кривични дела „измама“, едно дело „измама во обид“…
Првата недела од новата година донесе значително зголемување на бројот на заболени од грип во Македонија. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), презентирани од в.д. директорката Марија Андоновска, регистриран е драстичен скок на новозаболени, а епидемиолошката слика укажува на значително отстапување од минатогодишните бројки. Статистика: Експлозивен неделен раст Во периодот од 29 декември 2025 до 4 јануари 2026 година, во земјава се регистрирани 1.725 нови случаи на грип или заболувања слични на грип. Оваа бројка открива загрижувачки трендови: Првпат во оваа сезона, на национално ниво е регистрирана средна активност на вирусот. Најпогодени групи: Вирусот најмногу се шири…
Оваа година ќе биде година на суштински реформи и завршување на капитални проекти, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Гевгелија. Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека 2026 година ќе донесе „големи и крупни чекори“ во клучните сектори: градежништвото, енергетиката, економијата, образованието и земјоделството. Мицкоски испрати смирувачка порака до граѓаните и бизнис заедницата, уверувајќи ги дека Владата е подготвена за предизвиците. „Имаме јасен план, имаме јасна агенда. Граѓаните, но и бизнисот, не треба да се грижат бидејќи оваа Влада работи според план, динамика и однапред подготвени решенија за сите потенцијални проблеми што претходно ги антиципирам“, изјави премиерот. Тој потенцираше дека…
Иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за лидерска средба предизвика остра поларизација на политичката сцена. Додека Мицкоски од Гевгелија повикува на зрелост и консензус за европските закони, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, категорично ја одби поканата, нарекувајќи ја „стапица“ за предвремени избори. Одговарајќи на обвинувањата на Филипче дека владата е „криминална“, Мицкоски оцени дека ваквиот речник е дел од „менаџерскиот договор“ на Филипче како претседател на СДСМ и доказ за неодговорноста на опозицијата. „До скоро тие бараа лидерска средба, сега кога има лидерска средба ја одбиваат… Навистина едно би рекол збунувачко и нејасно однесување,“ изјави Мицкоски. Тој најави дека поканите ќе…
Патниците кои денеска се упатија кон Република Бугарија преку граничниот премин Делчево – Станке Лисичково се соочуваат со сериозни застои и колона возила долга околу еден километар. Причината за гужвата е новата процедура на бугарските гранични служби за електронско внесување на податоци. Според сведоштва на граѓани за МИА, секој патник што не поседува пасош од Европската Унија мора да помине низ детална проверка која вклучува фотографирање и земање отпечатоци од прсти. „Една кола ја задржуваат од 10 до 15 минути“, вели револтиран граѓанин од Делчево, кој тргнал на годишен одмор. Од друга страна, на македонска страна од границата, контролата се…
