Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни

    10.06.2026 во 13:33

    Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците

    10.06.2026 во 13:29

    Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби

    10.06.2026 во 13:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
    • Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
    • Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
    • Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи
    • Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
    • Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
    • Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
    • АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до Филипче: Средбата не е за избори, одбивањето на дијалог е политички некултурно

    Мицкоски до Филипче: Средбата не е за избори, одбивањето на дијалог е политички некултурно

    08.01.2026 во 14:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски одбива да ја откаже планираната лидерска средба и покрај експресниот бојкот најавен од СДСМ. Од Гевгелија, каде присуствуваше на отворање на градинка, тој најави дека формалните покани до партиите ќе бидат испратени во текот на денешниот или утрешниот ден, а средбата е закажана за 14 јануари во 12:00 часот во Клубот на пратеници.

    Мицкоски испрати јасна порака: „Владата има капацитет и бројки да ги донесе реформите и сама, но подава рака за политички консензус заради државните интереси.“

    Коментирајќи ги обвинувањата од Венко Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ е „криминална власт“ со која не се преговара, Мицкоски оцени дека таквиот речник е резултат на внатрешните обврски на лидерот на опозицијата, а не на реалната политичка состојба.

    „Претпоставувам и ваквото однесување негово на ваков тип на обраќање во јавноста е составен дел од неговиот менаџерски договор којшто го има потпишано како претседател на СДСМ во овој момент, па претпоставувам дел од обврските коишто треба да ги одработи, а се содржани во тој менаџерски договор, е и ваквите навреди кон владата,“ истакна Мицкоски.

    Тој го нарече однесувањето на СДСМ „збунувачко“, потсетувајќи дека до неодамна токму тие бараа лидерска средба, а сега кога таа се нуди, тие ја одбиваат.

    Мицкоски децидно ги отфрли шпекулациите дека средбата е вовед во предвремени избори. Тој појасни дека фокусот на Владата се реформите и економскиот напредок, а темите на маса се од суштинско значење за евроинтеграциите:

    -Избор на Народен правобранител: Тема која произлегува од извештаите на Европската комисија.

    -Реформски закони: Вклучително Законот за Јавно обвинителство, Законот за Судски совет и Законот за јавно-обвинителска и судска служба.

    -Изборен законик: Дискусија за препораките на ОБСЕ/ОДИХР и статусот на техничката влада.

    „Сакавме на таа лидерска средба да поразговараме и за реформските закони… закони коишто се дел од реформската агенда,“ потенцираше премиерот.

    Премиерот потсети дека владејачката коалиција располага со убедливо мнозинство во Парламентот – речиси двотретинско – што им овозможува да ги носат законите и без гласовите на опозицијата. Сепак, тој инсистира на инклузивност.

    „Нас апсолутното мнозинство во парламентот ни овозможува и без консултации со опозицијата тоа да го правиме… Но, сакавме да покажеме зрелост, да покажеме широчина,“ рече Мицкоски.

    Во однос на техничката влада (Пржинска влада), Мицкоски го повтори ставот дека таа е штетна за системот, но дека нема намера да ја укинува еднострано.

    „Ако ние одлучиме така да се однесуваме незрело и неодговорно како што тој се однесува… ние со 61 глас во парламентот можеме да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада. Не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, ние сакаме да процесот биде инклузивен,“ објасни тој.

    Мицкоски заклучи дека доколку СДСМ одлучи да не дојде, Владата ќе продолжи со својата агенда, оставајќи ја опозицијата да „тони во своето политичко мочуриште“.

    Прочитај повеќе

    Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи

    10.06.2026 во 13:14

    Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек

    10.06.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.