Author: Author 01

Загрижувачки податоци пристигнаа од Универзитетската клиника за токсикологија по новогодишната ноќ. Во првите 12 часа од 2026 година, дури 13 малолетни лица побарале лекарска помош поради интоксикација, најверојатно од алкохол. Најмладиот пациент примен на клиниката имал само 14 години. Вкупниот биланс на Клиниката е 31 пациент, што значи дека речиси половина од случаите биле деца. Лекарите информираат дека најстариот пациент имал 44 години, што укажува дека „најлудата ноќ“ била најтешка за помладата популација. За среќа, нема посериозни компликации – сите 13 малолетници, како и останатите пациенти, се веќе пуштени на домашно лекување. „Иако дел од токсиколошките анализи сè уште се во тек, најверојатната…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува промена на временската состојба започнувајќи од овој викенд. Од сабота, нашата земја ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе претежно облачно време. Според синоптичарите, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд во пониските предели, додека на планините и во некои од повисоките населени места врнежите ќе бидат од снег. Она што е карактеристично за овој бран е тоа што, и покрај врнежите, температурите ќе бидат во пораст. Ова се должи на умерен до засилен ветер кој ќе дува претежно од јужен правец, што ќе донесе потопла воздушна маса, но и влажност.

Повеќе

Нивната работа е далеку од очите на јавноста, но без нив полицијата би била „глува и слепа“. Вака министерот Панче Тошковски ја опиша важноста на Одделот за информатика и телекомуникации, чии припадници ги посети денеска на самиот врв на Јакупица – Солунска Глава. „Тие се грижат комуникациските и информациските системи на МВР да бидат стабилни 24 часа, секој ден од годината. Без стабилна комуникација, полицијата не може да координира, да реагира навреме ниту ефикасно да ја извршува својата улога“, порача министерот. Тошковски нагласи дека оваа тивка и високо одговорна работа е еден од темелите на безбедноста на државата и им…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја искористи новогодишната честитка до граѓаните за да испрати и силна политичка порака. Посакувајќи добро здравје и среќа, тој повика на промени во годината што доаѓа. „Нека оваа 2026 година биде подобра година за секое семејство… Нека донесе нова надеж за промени и за подобра иднина, ослободена од криминалната група на власт“, порача лидерот на опозицијата. Филипче најави дека неговата партија, обединета околу социјалдемократските вредности, со нова сила ќе продолжи да се бори против актуелната власт, а за правда и подобар живот на граѓаните.

Повеќе

Празничната еуфорија во неколку домови во Полошкиот регион се претворила во кошмар поради семејно насилство. Во тетовско село, 45-годишна жена во 18:20 часот на 31 декември пријавила ужасен напад. Нејзиниот сопруг Б.П. физички ја нападнал во семејниот дом, а притоа ѝ се заканувал и со остар предмет. Полицијата презема мерки против насилникот. Истиот ден во Гостивар, околу 13:00 часот, уапсен е 61-годишниот Р.М. Тој е лишен од слобода откако физички го нападнал својот 64-годишен брат. Полицијата регистрираше и други физички пресметки – 25-годишник бил нападнат во село Раковец, а 34-годишник од Слатино пријавил дека бил претепан од група луѓе во…

Повеќе

Серија тешки сообраќајни инциденти ја одбележаа ноќта во Тетово, а во еден од нив настрадаа и полициски службеници. Во 00:54 часот, полицијата го уапсила 19-годишниот А.З. од Порој. Тој пијан, со 1,68 промили алкохол, управувајќи „Голф“ удрил во рабник на улицата „Иво Рибар Лола“. Драмата продолжила во тетовската болница каде, додека му укажувале помош и земале крв за анализа, тој физички ги нападнал полицајците. Ќе одговара за „безобѕирно управување со моторно возило“ и напад врз службено лице. Само еден час подоцна (01:50 часот), тешка несреќа се случила на улицата „Браќа Миладиновци“. Возило „Голф“ управувано од 22-годишниот А.М. од Шемшево излетало од…

Повеќе

Бурна новогодишна ноќ во Гостивар со серија инциденти во угостителски објекти, вклучувајќи пукање од пиштол и физички пресметки. Најсериозниот инцидент се случил 20 минути по полноќ во објект на улицата „ЈНА“. Според полицијата, 17-годишник од Германија испукал неколку куршуми од гасен пиштол „Валтер“ внатре во објектот, откако претходно бил нападнат од 33-годишниот Е.И. Полицијата веднаш интервенирала, при што малолетникот е приведен и одземен му е пиштолот. Во истиот објект, приведен е и В.А. (21) кој нападнал полициски службеник додека интервенирал. Неколку часа подоцна, во 04:30 часот, во Ургентниот центар во Гостивар завршил З.М. (51). Тој пријавил дека по кратка расправија во друг…

Повеќе

Точно на полноќ, во моментот кога настапи Новата 2026 година, Скопје ја доби најубавата вест. Првото новороденче во главниот град е девојче по име Евгенија Камчева. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку емотивна објава упати искрени честитки до мајката Емилија и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост. „Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година“, напиша Ѓорѓиевски. Тој посака малата Евгенија да расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува и напредува.…

Повеќе

Светот е во шок по трагичната вест што пристигна од Швајцарија во првите часови на 2026 година. Најмалку 40 луѓе загинале, а околу 100 се повредени во силна експлозија и пожар во барот „Ле Констелашн“ во елитниот скијачки центар Кран-Монтана. Експлозијата одекнала околу 01:30 часот по локално време, додека објектот бил полн со гости кои ја славеле Новата година. Иако швајцарската полиција официјално потврди „неколку десетици загинати“, италијанското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на локалните власти, излезе со бројка од најмалку 40 жртви. Состојбата е страотна – многу од телата се толку тешко изгорени што идентификацијата е оневозможена во…

Повеќе

Три лица се лишени од слобода во Велес, Тетово и Кочани поради возење под дејство на алкохол и предизвикување опасност во сообраќајот на 1 јануари. Еве го билансот на полицијата: Полицијата најави кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

Повеќе