Close Menu
Press24
    Најново

    Судот пресуди: „Милка“ ги измамила потрошувачите

    13.05.2026 во 20:14

    Грозоморен случај во Германија: Педијатар обвинет за силување и злоупотреба на деца во болница

    13.05.2026 во 19:50

    Хаос во Турција: Поплави во Самсун, 12 лица хоспитализирани

    13.05.2026 во 19:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судот пресуди: „Милка“ ги измамила потрошувачите
    • Грозоморен случај во Германија: Педијатар обвинет за силување и злоупотреба на деца во болница
    • Хаос во Турција: Поплави во Самсун, 12 лица хоспитализирани
    • Руте ја предупреди Алијансата: Русија е главната закана за НАТО
    • Лидерите на 14 земји на НАТО повикаа на посилна одбрана од руски напади
    • Трамп пристигна во Пекинг
    • АХВ: Заловеното животно е волк
    • Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Матични гинеколози наплаќале за ПАП-тест, ЕХО и други услуги што ги покрива Фондот, а некои не издавале ниту фискални сметки

    Матични гинеколози наплаќале за ПАП-тест, ЕХО и други услуги што ги покрива Фондот, а некои не издавале ниту фискални сметки

    26.12.2025 во 13:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Речиси половина од контролираните приватни гинеколошки ординации во Македонија работат спротивно на законите – или наплаќаат услуги кои за пациентките мора да бидат бесплатни, или кријат промет од државата. Ова се поразителните резултати од големата заедничка акција на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП), спроведена во ноември годинава.

    Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, и директорката на УЈП, Елена Петрова, денеска ги објавија деталите од првата ваква координирана контрола од 2012 година наваму, иницирана по лавина претставки од револтирани пациентки.

    Што открија инспекторите?

    Под лупа беа ставени 49 матични гинеколози (од вкупно 149 кои имаат договор со ФЗО) во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица. Резултатите се загрижувачки:

    • Кај 23 ординации (47%) се пронајдени неправилности.
    • Само 26 ординации (53%) работеле целосно законски.

    „Неуредни збирно се вкупно 23 ординации. Од нив, неправилности само кон ФЗО имаат три установи, само кон УЈП имаат 11, а кон двете институции има кај девет установи. Главна неправилност кон Фондот е наплата на дополнителни средства од осигурани лица (кај осум ПЗУ) и неуредна евиденција“, откри Клековски.

    Тој потсети дека ЕХО прегледите, колпоскопијата, земањето брис за микробиолошко и цитолошко испитување (ПАП-тест), како и другите дијагностички процедури кај матичниот гинеколог не смеат да се наплатуваат.

    Директорката на УЈП, Елена Петрова, информираше дека кај 20 установи се најдени проблеми со фискализацијата. Таа беше децидна дека нема да се толерира „хранењето“ на сивата економија.

    „Иако здравствените услуги се ослободени од ДДВ… неевидентирањето на приходите остава простор за нивно користење како неоданочени лични примања и стекнување личен имот. Глобата се изрекува при прва констатирана неправилност, а при втора во рок од две години се изрекува и построга мерка како запечатување на деловната просторија од 15 до 30 денови“, предупреди Петрова.

    Прочитај повеќе

    АХВ: Заловеното животно е волк

    13.05.2026 во 18:42

    Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани

    13.05.2026 во 18:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.