Author: admin_press24

Министерството за внатрешни работи во следниот период ќе ги стави во функција новите патролни возила опремени со камери кои снимаат во 360 степени. Тие ќе се користат за мобилно мерење на брзината, санкционирање на непрописно паркирани возила и казнување возачи кои не им даваат предност на пешаците. Новите бели модели „Форд Фокус“ доаѓаат со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и напреден софтвер кој во реално време идентификува и документира прекршок. Возилата ќе патролираат на делови од улиците каде нема фиксни камери, а системот автоматски ќе генерира и испраќа казни по електронска пошта.Од МВР се уште нема потврда на…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи кој денеска беше во посета на делот од полицијата одговорен за „Безбеден град“ рече дека се регистрирани 60.000 прекршоци за само 12 часа.

Повеќе

Наместо да се јави во затворот во Идризово, каде од денеска треба да ја започне десетгодишната затворска казна за автобуската несреќа кај Ласкарци, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, заминал на операција во тетовската болница. Ова за „Вечер“ го потврди судијата за извршување санкции од Гостивар, кој лично отишол во болницата за да провери дали навистина е закажана интервенцијата. „Докторот ме увери дека по пациентката која е закажана пред него, Белули е следен за операција,“ изјави судијата. Тој по трет пат го одложува влегувањето во затвор на Белули – прво поради операција на кила на едниот тестис, потоа поради компликации,…

Повеќе

Полицијата ја објави информацијата дека почнува пробниот период од еден месец во кој ќе снимаат сообраќајните камери. За среќа казни до 1 јануари нема да има, но потоа, сите кои ќе сторат прекршок ќе мора да платат. За почеток, ќе се казнува само за поминување на црвено, брзо возење, непрописно паркирање и за возење со истечена регистрација. Понатаму, како што објави полицијата, казни ќе има и за други прекршоци.

Повеќе

Безживотно тело беше пронајдено вчера (30 ноември) во реката Вардар, во близина на велешкото село Уланци. По пријава од граѓани, екипи од Територијалната противпожарна единица Велес излегле на терен и со едно возило и двајца пожарникари-спасители го извлекле телото од водата. Случајот е предаден на надлежните институции. Од Основното јавно обвинителство Велес соопштија дека е издадена наредба за обдукција, со цел утврдување на идентитетот на починатото лице и причините за смртта. Надлежната обвинителка Цветанка Богоевска истакна дека се преземени првичните истражни дејствија и дека истрагата продолжува за целосно расветлување на случајот. Овој дел од Вардар во минатото бил место на…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи започнува со имплементација на проектот „Безбеден град“, со кој камерите од системот „Safe City“, поставени на главните сообраќајници, ќе детектираат и евидентираат сообраќајни прекршоци во реално време. Системот автоматски ќе го регистрира прекршокот и ќе испрати известување до возачот. До крајот на годината ќе трае пробниот период, во кој ќе се издаваат само опомени, а од почетокот на следната година ќе започне и изрекувањето казни. Камерите ќе идентификуваат низа прекршоци, меѓу кои пречекорена брзина, минување на жолто или црвено светло, неправилно престројување, возење со истечена сообраќајна дозвола, како и непрописно паркирани возила. Во следната фаза е…

Повеќе