- Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
- Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
- Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
- Филипче: Кој е сега предавник?
- Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
- Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
- Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
- Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
Author: admin_press24
Екс министерот за земјоделство Љупчо Николовски е под сомнение за незаконска распределба на повеќе од 800.000 евра за поддршка на мали винарии. Според пријавата, станува бор за повик распишан во 2023 година преку кој биле исплатени над 50 милиони денари. Според пријавата, средствата биле исплаќани без законска основа и без надлежност за таква исплата.По наредба на Јавен обвинител во изминатите денови во полицијата покрај Николовски биле повикани и двајца порано вработени во Министерството за земјоделство кои членувале во комисиите кои одлучувале за распределба на средствата.До Министерството за земјоделство е испратено и барање за прибирање дополнителна документација. По комплетирање на материјалите,…
Дизелот од полноќ ќе се продава по пониска цена за 4 денари за литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува со иста цена. Според новата одлука за малопродажните цени на горивата, ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 89,50 денари за литар, што е намалување за 4 денари во однос на досегашната цена. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 0,50 денари и ќе се продава по 86,50 денари за литар На овие цени треба да се пресмета и попустот кој го даваат најголемиот дел од бензинските пумпи низ Македонија па со него, литар…
Евентуалното привремено запирање на новиот европски систем за влез и излез ЕЕС на грчките граници не би можело да се применува само за патници од одредени држави, туку би важело за сите кои во тој момент чекаат на граничниот премин, изјави директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ. Тој за РТС појасни дека контролата не може да се врши на национална основа и дека, доколку системот привремено се суспендира, тоа ќе се однесува на сите патници кои треба да бидат регистрирани во ЕЕС во тој момент. Според него, иако Европската комисија има јасни правила, граничните служби…
Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна средина, комунална опрема и одржлива урбана инфраструктура. Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентираше своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена. Од „Грин Машинс“ велат дека клиентите денес бараат возила со различни типови на погон — електрични, дизел и водородни — а македонскиот производител нуди комплетна палета на решенија. Дури…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8. По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици на трасата се решаваат со добра координација меѓу институциите, а Владата на изведувачот му овозможи отворен фронт за работа на цела траса. “Ние многу често зборуваме за овие проекти во нашите јавни настапи, на прес-конференции, на интервјуа, еве сега да…
Рокот за изградба на автопатиштата што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе биде продолжен за две години, односно до декември 2029 година, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Тој рече дека продолжувањето е поради двегодишниот застој на проектот и дека не очекува зголемување на цената на изградбата. „Причина за продолжување на рокот е застојот од две години бидејќи претходната влада не направила ништо. Надзорниот инженер на проектот во ноември побара да се надополни тој период од рокот за изградба и ние немавме друг избор освен да прифатиме“, изјави Николоски. Според него, експропријацијата е завршена, а делови од трасата…
Општина Аеродром изрече казна од 20.000 евра во денарска противвредност за правно лице, откако при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче бил затекнат камион како незаконски одлага градежен отпад. Според информациите од Општината, камионот бил фатен на локацијата „Купишта“, каде истурал градежен шут и ископана земја спротивно на Законот за управување со отпад. Општинскиот инспекторат издал прекршочен платен налог, а за сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра. Од Општина Аеродром порачаа дека ќе продолжат со засилени инспекциски контроли и дека нема да дозволат создавање диви депонии, загадување и уништување на животната средина на територијата на општината
Осудените на доживотен затвор за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 70-годишниот Панче Жежовски, денеска беа спроведени во Апелациониот суд Скопје, каде се одржа јавна седница по нивните жалби на првостепената пресуда. Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев бараат пресудата да биде укината и предметот да се врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Жалба поднесе и Обвинителството, кое не се согласува со ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Според обвинителството, тој им ги дал на киднаперите информациите за движењето на неговата ќерка утрото кога тргнала на училиште, а мотивот на…
Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација. Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов. За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и…
адата, порача премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека инфраструктурното, енергетското и гасното поврзување треба да ја позиционираат Македонија како регионален центар. „Овие коридори 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и токму затоа тоа претставува наш најголем приоритет. Изградбата на автопатот, изградбата и модернизацијата на пругата на Коридорот 10, како и енергетското поврзување преку далеководи се дел од таа агенда“, изјави Мицкоски. Тој посочи дека е рестартиран далеководот кон Албанија, дека интензивно се гради гасоводот со Грција, а најави дека оваа недела ќе биде објавен и тендерот за гасоводот кон Србија. „Кога сето ова глобално ќе…
