Close Menu
Press24
    Најново

    Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата

    08.07.2026 во 11:36

    МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија

    08.07.2026 во 11:31

    Топлотен бран ја зафати Македонија: Температурата достигна 33 степени уште претпладне

    08.07.2026 во 11:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата
    • МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија
    • Топлотен бран ја зафати Македонија: Температурата достигна 33 степени уште претпладне
    • Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун
    • Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата
    • ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
    • Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кога Палевски донел одлука да ја грабнат Вања, татко и пишал порака добро да се облече

    Кога Палевски донел одлука да ја грабнат Вања, татко и пишал порака добро да се облече

    11.05.2026 во 11:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Осудените на доживотен затвор за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 70-годишниот Панче Жежовски, денеска беа спроведени во Апелациониот суд Скопје, каде се одржа јавна седница по нивните жалби на првостепената пресуда.

    Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев бараат пресудата да биде укината и предметот да се врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.

    Жалба поднесе и Обвинителството, кое не се согласува со ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Според обвинителството, тој им ги дал на киднаперите информациите за движењето на неговата ќерка утрото кога тргнала на училиште, а мотивот на сите петмина, како што тврди обвинителот Дарко Јакимовски, бил прибавување имотна корист од близок член на семејството на Вања.

    „Нема анализа на доказите. Судот не утврдил дали Александар е или не е поврзан со кривичните дела. Тој има клучна улога од првото до второто дело“, рече Јакимовски, образложувајќи ја жалбата на обвинителството.

    Тој посочи дека, според обвинението, одлуката за грабнување на Вања била донесена во неделата попладне, по што Палевски ги повикал Манев и Видевски да дојдат во Скопје. Обвинителот наведе и дека однесувањето на Ѓорчевски по исчезнувањето на Вања, како и неговите изјави, не биле соодветно анализирани од првостепениот суд.

    Одбраната, пак, тврди дека нема докази за вмешаност на таткото на Вања. Неговиот адвокат Владимир Туфегчиќ рече дека Основниот кривичен суд правилно постапил кога утврдил дека не постои правна и разумна основа за вина кај Александар Ѓорчевски.

    Во првостепената постапка, Манев и Кешишев ги признаа делата и детално го опишаа извршувањето, посочувајќи го Палевски како човекот што пукал во двете жртви. Палевски и Видевски, пак, негираа вмешаност во грабнувањата и убиствата.

    Според обвинението, Панче Жежовски бил грабнат на 22 ноември 2023 година во Велес, со цел да му биде одземено возилото „ситроен“, кое подоцна било искористено за грабнувањето на Вања. Пет дена подоцна, девојчето било грабнато во влезот од зградата во која живеело во Скопје, а потоа убиено во близина на селото Бразда.

    Прочитај повеќе

    Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали

    08.07.2026 во 10:41

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    08.07.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.