Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Британскиот Aмбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

    Британскиот Aмбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

    11.05.2026 во 11:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација.

    Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов.

    За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој.

    „Алкалоид“ АД Скопје е присутен на пазарот во Обединетото Кралство од 2007 година, кога британската Агенција за лекови и медицински помагала (MHRA), избрана од компанијата како референтен регулатор, по извршената инспекција на производствените капацитети, на сегментот фармација му додели сертификат за сообразност со ЕУ-стандардите за добра производствена пракса (ЕU-GMP).

    Набргу потоа беше издадена и првата дозвола за пласман на лекот Лизиноприл. Денес „Алкалоид“ има над 1.000 дозволи за пласман на свои фармацевтски производи на пазарите во Европската Унија.

    По излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија, во 2021 година „Алкалоид“ ја основаше својата подружница Alkaloid UK Limited, со цел отворање нови можности и форми за проширување на операциите. Велика Британија претставува особено пребирлив и конкурентен пазар на кој влезот е исклучително сложен, пред сѐ поради високите стандарди што мора да ги исполнат производителите во рамките на една од најстрого регулираните индустрии во светот – фармацевтската. Проценките се дека до крајот на 2026 година пласманот на фармацевтските производи на „Алкалоид“ на британскиот пазар ќе достигне околу 4 милиони евра.

    Од 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје е член на Британската бизнис-асоцијација (ББА), која, во тесна соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје, работи на унапредување на конкурентната, транспарентна и современа бизнис-средина. Асоцијацијата се позиционира како препознатлива платформа за промоција на иновации, одговорни деловни практики и нови економски трендови.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.