Author: admin_press24

По реакциите во јавноста по нејзиното претставување во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Информацијата ја потврдија за МИА од Коалицијата Вреди. Најостри забелешки за кандидатурата дојдоа од Мрежата за заштита од дискриминација, од каде побараа Собранието да не ја избере Ахмед, оценувајќи дека таа не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за спречување и заштита од дискриминација. Како што наведоа, Ахмед нема ниту една година работно искуство во областа на човековите права, а особено во доменот на еднаквост и недискриминација. Иако се претстави како магистер по меѓународно право…

Повеќе

Фотографија истакната на ѕид во Белата куќа го привлече вниманието на новинарите, откако на неа заедно се прикажани поранешниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Веднаш до неа е поставена уште една фотографија на која Трамп позира со едно од своите внучиња. Фотографијата со Путин, поставена во централниот коридор што ги поврзува Западното крило и резиденцијалниот дел на Белата куќа, ја забележала и снимила дописничката на Пи-Би-Ес од Вашингтон, Елизабет Ландерс. Таа објави видео на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека досега немала видено ваков експонат на тој ѕид. Станува збор за фотографија од самитот во Алјаска, одржан…

Повеќе

Од 10 јули 2027 година стапува на сила новата регулатива на Европската Унија за спречување на перење пари, која носи значајни промени во начинот на вршење готовински плаќања. Со новите правила, секоја готовинска трансакција од 3.000 евра и повеќе ќе подлежи на задолжителна идентификација на клиентот. Давателите на услуги и другите обврзани субјекти ќе мора да побараат лична карта или друг важечки документ за идентификација, а податоците ќе бидат евидентирани. Ова претставува сериозно отстапување од досегашната практика во одредени земји на ЕУ, како Германија, каде што поголемите плаќања во готово беа вообичаени. Граѓаните треба да сметаат дека ваквите трансакции ќе…

Повеќе

Спремни сме за превремени избори во било кое време и мислам дека на граѓаните конечно им е јасно за каква Влада станува збор. Опозицискиот лидер филипче демонстрираше оптимизам дека неговата партија може да се врати на власт до крајот на оваа или на почетокот на наредната година.„Јас сум прилично сигурен дека предвремени избори ќе има. Дали ќе бидат на крај на оваа година, дали ќе бидат на почеток на следната година, и тоа од неколку фактори. Прво, оваа влада е тесно поврзана и тоа ние секојдневно го објавуваме и го аргументираме со авторитарните режими во регионот на Орбан и на…

Повеќе

Татко ми има право на приватен бизнис, а неговата компанија никогаш не учествувала на државни тендери, вели шефот на кабинетот на Премиерот Мицкоски, Владимир Нелоски на социјалните мрежи по обвинувањата кои утрово ги објави СДСМ„Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезорентираност во просторот на раководството на СДС и Венко Филипче и тој пусти страв од одговорност која знаат дека ја имаат. Мојот татко е…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика на денеска попладне треба да ги објави новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати.По намалувањето на цените до својот 2 годишен минимум во последнитое месец од минатата година, од почетокот на оваа регистрираме благо зголемување.Дизелот за месец дена поскапел за 1,5 денари по литар, а бензинот во истиот период цената ја зголемил за 2 денари по литар.Во моментов литар бензин од 95 октани се продава по цена од 72 денари додека дизелот се точи по 66,5 денари за литар.

Повеќе

Времето од денеска до крајот на февруари ќе биде променливо, со честа облачност, повремени врнежи од дожд, студени утра и постепено затоплување кон крајот на месецот. До крајот на јануари се очекува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд во одделни денови. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека утринските ќе бидат пониски и ќе се спуштаат од 0 до 4 степени. Ветерот ќе биде слаб до умерен. На почетокот на февруари ќе преовладува зголемена облачност со повремени врнежи од дожд. Дневните температури ќе се движат од 8 до 13 степени, а утринските ќе бидат…

Повеќе

Пет лица се водат како исчезнати по пожар што избувна во фабрика за храна во близина на Трикала, во централна Грција, соопштија од противпожарната служба. Според информациите, во моментот кога избувнал пожарот во фабриката се наоѓале 13 лица, од кои осум успеале навреме да се евакуираат, додека по пет лица сè уште се трага. Пожарот избувнал во раните утрински часови, а причините засега не се познати. Локалните медиуми јавуваат дека непосредно пред пожарот се слушнала силна експлозија, но оваа информација сè уште официјално не е потврдена. На местото на настанот интервенирале околу 40 пожарникари со 13 противпожарни возила, а спасувачките…

Повеќе

Дојче Телеком повторно се најде меѓу најуспешните и највредните брендови во светот. Ова го потврдува студијата „Brand Finance Global 500“, објавена од водечката консултантска куќа за вреднување брендови Brand Finance на Светскиот економски форум во Давос. Според студијата, Дојче Телеком останува најсилниот телекомуникациски бренд во светот и дополнително ја зголемува својата предност во однос на конкурентите Verizon и AT&T. Компанијата го зазеде силното единаесетто место на севкупната ранг-листа. Во Европа и во Германија, T останува убедливо број еден меѓу корпоративните брендови. Дојче Телеком е единствената европска компанија застапена меѓу првите 20 највредни брендови во светот. На врвот на глобалната листа се наоѓа Apple, по кој следуваат…

Повеќе