- Доаѓа пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на април 2026
- Колку јајца се бојадисуваат за Велигден? Без разлика колку луѓе има во куќата, овој број мора да се почитува
- Трамп нареди итно повлекување на американската војска од Европа
- Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
- Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните
- Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати
- Израел тргна во копнена офанзива: Активирана операцијата против Хезболах во Либан
- Колапс на европските граници: Патници заглавени и по седум часа на пасошка контрола
Author: admin_press24
Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени. Според Управата за хитрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина. Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници претседателката посакува празникот да донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот. – Верувам дека осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата, и ќе нè инспирира на добродетелство и…
Православните верници денеска го одбележуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици, кој се слави уште од вториот век. Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, а празникот го носи името Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата. И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води. Скопската православна епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар. Како што информираат од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, околу 160 граѓани годинава се пријавени за учество во фаќањето…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен маж, за кого постои основано сомнение дека сторил обид за убиство при семејно насилство, согласно член 123 став 2 точка 2, во врска со член 19 од Кривичниот законик. Според обвинителството, на 17 јануари, во домот на улицата „Лавчанска корија“, каде што заеднички живееле, осомничениот се обидел да ја лиши од живот својата баба. Претходно ја блокирал и затворил влезната врата од куќата со фиока, по што со рацете ја удирал по главата и телото сè додека таа не паднала во бессознание. Со нападот ѝ нанел повеќе тешки…
Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. „Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик. На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Претседателството на генералниот совет на ДУИ ја одложи одлуката за своето учество на најавената лидерска средба која премиерот ја закажа за утре.Партиското тело вчера решило одлуката да се донесе на денешната седница на Генералниот совет. Со тоа Левица засега останува единствената партија што ќе ја претставува опозицијата откако лидерот на СДСМ јасно кажа дека нема да присуствува на средбата.Во меѓувреме пристигнуваат барања и од вонпарламентарни партии. Од ДОМ ја поздравуваат дебатата и бараат да се земе предвид нивното барање за промена на изборниот модел и воведување на една изборна единица. Слично барање има и партијата Левица.Премиерот Мицкоски минатата недела ги…
Сопственичка на куче изнесе сериозни сомнежи дека во пансионот за кучиња „Ав Ав Хепи Дог“ во Скопје можеби се појавил парво вирус, откако нејзиниот миленик починал кратко време по престој во објектот. Ана Пејковска тврди дека кучето било сместено во пансионот десетина дена, а по преземањето било во видно влошена здравствена состојба – без апетит, со повраќање и изразена слабост. Животното било однесено на итен ветеринарен преглед, каде, според сопственичката, била утврдена парво вирусна инфекција, но состојбата веќе била критична и кучето подоцна угинало. Сопственичката на социјалните мрежи објави дека, според нејзини сознанија, во пансионот имало и други животни со…
Кавадарчанец бил приведен од полиција, бидејќи бил агресивен кон полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа кавадарчанецот Т.С.(43), затоа што на улица „Миле В’чков“ во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај него се измерени 3,13 промили алкохол во крвта. Т.С е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес
