- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: admin_press24
Дојче Телеком повторно се најде меѓу најуспешните и највредните брендови во светот. Ова го потврдува студијата „Brand Finance Global 500“, објавена од водечката консултантска куќа за вреднување брендови Brand Finance на Светскиот економски форум во Давос. Според студијата, Дојче Телеком останува најсилниот телекомуникациски бренд во светот и дополнително ја зголемува својата предност во однос на конкурентите Verizon и AT&T. Компанијата го зазеде силното единаесетто место на севкупната ранг-листа. Во Европа и во Германија, T останува убедливо број еден меѓу корпоративните брендови. Дојче Телеком е единствената европска компанија застапена меѓу првите 20 највредни брендови во светот. На врвот на глобалната листа се наоѓа Apple, по кој следуваат…
Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра, соѕидани во ѕид во кујната, тврдат дека пронајдените пари им припаѓаат ним, а не на нивниот син. Ова го соопшти адвокатот на одбраната на судијата Ристов Звонко Давидовиќ, најавувајќи жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки на обезбедување – куќен притвор, одземање на патна исправа и забрана за вадење нова. Давидовиќ исто така го коментираше делот од обвинението во кое Ристов се товари за непријавување стекнат имот, но посочи дека во членот од законот во кој…
Криминалната ВМРО ги изненади снег во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени. Фотографиите од колапсот во Скопје и во Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден, се посочува во соопштението на СДСМ Граѓаните се оставени сами ама градоначалниците и функционерите од ВМРО тријат раце.Тендерите за чистење снег се едни од омилените на ВМРО. Снежните наноси по патиштата се идила за градоначалниците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои уште денес ќе фактурираат илјадници тони сол. Сепак тешко е солта да се доброи па останува да ги бројат парите кои ги украдоа од граѓаните. Нема пари за плати, за пензии,…
Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, информираат од Град Скопје. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски потенцира дека од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. -…
Утрово на Попова Шапка има најмногу снег, 34 сантиметри, а најстудено, – 7 степени, е на Попова Шапка и во Берово, соопшти УХМР. До 08:30 часот -6 степени се измерени во Маврови Анови и Kрушево, -5 во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Куманово и Велес, -2 во Битола, Охрид, Кавардарци, Виница, Претор и Гевгелија, како и -1 степен во Демир Капија. Висината на снежната покривка до 7 часот е 12 сантиметри во Маврови Анови, 8 во Битола, 4 во Крушево, 3 во Прилеп, Претор и Ѓуриште, 2…
Јануари ќе помине во променливо време, со комбинација од сончеви периоди, зголемена облачност и повремени врнежи од дожд и снег, покажуваат временските прогнози. Во првата половина од месецот ќе преовладува студено, но стабилно време, со сончеви и делумно облачни денови. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека утринските ќе бидат значително пониски и на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со појава на мраз. Се очекуваат и -10 степени во некои повисоки населени места што ќе биде најниска температура оваа зима Во втората половина на јануари се очекува зголемена облачност и нестабилност, со повремени врнежи.…
Во домот на родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов полицијата пронајде 350.000 евра кои биле соѕидани во ѕид. При претрес во домот на родителите на апелациски судија во Неготино биле пронајдени 350.000 евра, скриени во посебен простор заѕидан во ѕидот, соопштија надлежните институции. Според информациите, судијата е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, а парите биле откриени при истражни дејствија спроведени по наредба на судија на претходна постапка. Се проверува потеклото на пронајдените средства и нивната поврзаност со евентуални незаконски активности. Истрагата ја води надлежното јавно обвинителство, во координација со полицијата и финансиските истражни служби. Од институциите информираат дека…
Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено со Португалија во натпревар исполнет со борбеност, енергија и неизвесност до самиот крај. Нашите ракометари прикажаа неверојатна и пожртвувана игра, со што освоија значаен бод во групната фаза. Натпреварот започна израмнето, со чести промени на водството и повеќекратно изедначување на резултатот во првото полувреме. Иако на паузата Македонија имаше минимално заостанување, во продолжението тимот покажа карактер и не дозволи противникот да се одлепи резултатски. Исклучувањата и црвениот картон дополнително ја отежнаа задачата за македонската селекција, но и покрај тоа, ракометарите успеаја да останат во натпреварот и во завршницата да се изборат за заслужено реми.…
