- Доаѓа пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на април 2026
- Колку јајца се бојадисуваат за Велигден? Без разлика колку луѓе има во куќата, овој број мора да се почитува
- Трамп нареди итно повлекување на американската војска од Европа
- Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
- Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните
- Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати
- Израел тргна во копнена офанзива: Активирана операцијата против Хезболах во Либан
- Колапс на европските граници: Патници заглавени и по седум часа на пасошка контрола
Author: admin_press24
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина очекува јасна, силна и долгорочна поддршка од Соединетите Американски Држави, нагласувајќи дека американската помош е клучна за одбраната на земјата и за постигнување праведен и одржлив мир. Зеленски посочи дека Киев очекува САД да продолжат со воената, финансиската и политичката поддршка, особено во период кога Украина се соочува со зголемени безбедносни предизвици. Според него, стабилната соработка со Вашингтон е од суштинско значење не само за Украина, туку и за безбедноста на Европа и поширокиот меѓународен поредок. Тој истакна дека Украина е подготвена за дипломатски напори, но потенцираше дека тие мора да бидат засновани…
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово поднел оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа за негово разрешување.
Американскиот претседател Доналд Трамп организирал свечен настан во Белата куќа по повод свршувачката на неговиот син, Доналд Трамп Џуниор, и Бетина Андерсон. Прославата се одржала во присуство на членови на семејството, блиски пријатели и поканети гости, а настанот бил опишан како приватна и свечена семејна прослава. Претседателот Трамп јавно ја објавил свршувачката, изразувајќи задоволство и поддршка за идниот брак на својот син. Настанот привлече внимание во јавноста поради тоа што се одржал во Белата куќа, која традиционално е место за официјални државни активности, но повремено служи и за приватни семејни настани на претседателското семејство. Доналд Трамп Џуниор е еден од…
Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, повторно поднел барање за одложување на извршувањето на затворската казна, повикувајќи се на здравствени причини поврзани со неодамнешна хируршка интервенција. Според медицинската документација доставена до надлежните институции, по извршената операција му било препорачано мирување во период од 20 до 30 дена. Белули требаше да се јави на издржување на правосилно изречената затворска казна во казнено-поправната установа „Идризово“, но наместо тоа, повторно побарал пролонгирање, со образложение дека моменталната здравствена состојба не му дозволува веднаш да започне со издржување на казната. Судот треба да оцени дали доставените медицински наоди претставуваат оправдана причина за ново одложување. Ова…
На самит во Берлин, европските лидери постигнаа заедничка декларација со која ја нагласуваат потребата од силни и конкретни безбедносни гаранции за Украина во услови на речиси четиригодишната војна со Русија. Во центарот на договорот е идејата за создавање и поддршка на „мултинационални сили“ на чело со европски земји, со цел да се помогне во одбраната, обуката и стабилизацијата на Украина, како и обезбедување на нејзиниот воздух и територија во иднина. Лидерите истакнаа дека какви било одлуки за територијални прашања мора да се однесуваат на правото на украинскиот народ да одлучи, откако ќе бидат воспоставени робусни безбедносни мерки. Како дел од…
До крајот на годинава во Македонија нè очекува студено време со температури под нулата во утринските часови и без поголеми временски изненадувања. Според најавите, деновите ќе бидат претежно сончеви со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека ноќните и утринските ќе паѓаат до минус 3, а на одредени места и пониско. Во периодот околу 23 и 24 декември се најавува зголемена облачност со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места можно е и слабо провејување на снег. Потоа следува стабилизирање на времето, со повеќе сончеви периоди, но и со значително постудени утра.…
Членови на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден вечерва ќе се соберат за да му оддадат почит на Дан Елкајам, кој загина во вчерашниот вооружен напад на Бонди Бич во Сиднеј. Елкајам бил популарен и талентиран фудбалер, дел од тимот што настапува во највисоката локална конкуренција, а во клубот играл околу една година. Клубот соопшти дека е „во шок и тага“ поради загубата. Во нападот, кој полицијата го третира како терористички, двајца вооружени лица отвориле оган врз собир поврзан со еврејски празник. Потврдено е дека има најмалку 15 жртви меѓу цивилите, а десетици лица се повредени и се лекуваат во болници…
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола, информира охридската полиција. „Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во доцните часови синоќа, полицијата спроведе акција во Скопје при што беа извршени претреси на повеќе локации. За време на претресите, биле пронајдени поголеми парични средства, како и опрема за коцкање, меѓу која маси за покер, чипови и карти. Дополнително, полициските екипи пронашле и прашкаста и растителна материја, за која постои сомнение дека е наркотична дрога. Во рамки на акцијата, лишена од слобода е поголема група лица. По целосно документирање на случајот, осомничените ќе бидат изведени пред надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка. Од Министерството за внатрешни работи најавуваат повеќе детали по завршување на истрагат
Финансиската полиција денеска уапси лице поврзано со Општата болница Прилеп. Како што дознаваме неофицијално, станува збор за сомнение за криминал, односно проневера на околу 16.000.000 денари. Надлежните институции засега не изнесуваат официјални информации Повеќе детали се очекуваат во текот на денот, по официјална потврда од истражните органи.
