Author: admin_press24

Изминаа првите 100 дена во кој градоначалникот на Прилеп Дејан Продановски ги превзема обврските за менаџирање на општината. Разговараме со градоначалникот Проданоски, за сработеното во првите три месеци, како и за предизвиците и за плановите што ги носи 2026 година. Месецов изминаа првите 100 дена од граданачалничкиот мандат. Кои беа вашите први одлуки како градоначалник и на што прво се фокусиравте во Општината? Финансиска консолидација, организациска и институционална стабилизација на локалната власт беше првиот фокус со цел подобрување на комуналните услуги, јавната хигиена, како и ефикасна и достапна општинска администрација. Акцентот беше ставен на поквалитетно образование, поддршка на културата и…

Повеќе

Марк Бернал се појави како играч на Барселона со најголем интерес за време на штотуку завршениот зимски преоден рок. Жирона беше во преговори да го потпише 18-годишниот играч од средниот ред на позајмица, но во последен момент, „Камп Ноу“ одлучи дека талентот на кој сметаат за во иднина би можел да биде корисен оваа сезона. Тој го покажа тоа доста брзо, постигнувајќи го својот деби гол за првиот тим во победата над Мајорка во саботата. Според „Спорт“, Галатасарај дал уште посериозна понуда за Бернал. Таа вредеше 30 милиони евра и тројно зголемување на платата на самиот играч, кој моментално е…

Повеќе

Сопственикот на „Тесла“ и на „Спејс икс“, Илон Маск, изјави дека приоритетот на компанијата се променил и дека целта сега е да се насели Месечината, а не Марс. Во објава на социјалната мрежа „X“, тој рече дека ова би можело да се случи за помалку од 10 години, пренесува Си-Ен-Ен. „Најважниот приоритет е да се обезбеди иднината на цивилизацијата, во оваа смисла Месечината е побрза. Патувањето до Марс е можно само кога планетите се порамнуваат на секои 26 месеци (време на патување од шест месеци), додека ние можеме да летаме до Месечината на секои 10 дена (време на патување од…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека денешните руски напади врз објектите од кои зависи работењето на нуклеарните централи во Украина имаат „ниво на напад што ниту еден терорист во светот не би го дозволил“. Зеленски изјави дека Русите во текот на изминатата ноќ нападнале, меѓу другото, објекти од кои зависи работењето на нуклеарните централи, што, како што истакна, претставува закана не само за Украина, туку и за Европа. – Блоковите на нашите украински нуклеарни централи денеска го намалија производството, еден блок автоматски се исклучи – рече Зеленски. Тој го повика целиот свет да реагира на најновата ескалација на руските…

Повеќе

Премиерот Мицкоски вели дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир коментирајќи дека закани од типот на оние кои вчера дојдоа од протестот на Ромите во битолско нема да се толерираат. “Разговарав денескаутрoво со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори.И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се повтори“ – изјави премиерот Мицкоски.Група…

Повеќе

Во скандалозна одлука на Гостиварскиот суд, новинарката и главен уредник на порталот „Pa Censure“ (Без Цензура), Љиридона Вејсели, е казнета со 700 евра, бидејќи во новинарски прилог го споменала името на судијата во предмет за кој таа известувала подолг период. При тоа, судијата е споменат само во контекст на изрекување на казна на обвинет, во премногу чувствителен случај од пред една година. Имено, маж се заканувал со порнографски снимки на малолетничка, барајќи од неа да му плати 2.000 евра или да биде во врска со неа, а во спротивно ќе објави сексуално компромитирачки снимки, што всушност подоцна тоа и го…

Повеќе

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредна инспекциска контрола кај увозник на бебешка формула откако доби официјално предупредување од Европската Унија за небезбеден производ кој веќе бил пласиран на македонскиот пазар. Станува збор за бебешката формула APTAMIL AR 2 (ENG 24×400 g), серија 2027.01.02, во количина од 912 пакувања, со потекло од Ирска, кај која е утврдено присуство на опасниот токсин цереулид. Како извор на контаминацијата е посочено маслото ARA, информираат од АХВ. Од Агенцијата велат дека при контролата било утврдено дека целата количина веќе е дистрибуирана на пазарот, односно производот не бил пронајден во магацините на увозникот. „Операторот…

Повеќе