Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дојче Телеком ја зголемува вредноста на брендот и останува број еден глобален телекомуникациски бренд

    Дојче Телеком ја зголемува вредноста на брендот и останува број еден глобален телекомуникациски бренд

    22.01.2026 во 13:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дојче Телеком повторно се најде меѓу најуспешните и највредните брендови во светот. Ова го потврдува студијата „Brand Finance Global 500“, објавена од водечката консултантска куќа за вреднување брендови Brand Finance на Светскиот економски форум во Давос. Според студијата, Дојче Телеком останува најсилниот телекомуникациски бренд во светот и дополнително ја зголемува својата предност во однос на конкурентите Verizon и AT&T. Компанијата го зазеде силното единаесетто место на севкупната ранг-листа. Во Европа и во Германија, T останува убедливо број еден меѓу корпоративните брендови. Дојче Телеком е единствената европска компанија застапена меѓу првите 20 највредни брендови во светот. На врвот на глобалната листа се наоѓа Apple, по кој следуваат Microsoft, Google и Amazon.

    Успешниот резултат на Телеком се темели на моменталната вредност на брендот, која е највисока во историјата на компанијата. Според студијата, таа изнесува 96,2 милијарди американски долари. Зголемувањето во однос на вредноста од претходната година (85,3 милијарди американски долари) изнесува 12,8 проценти, што претставува рекордно зголемување од приближно 11 милијарди американски долари. Од 2020 година наваму (39,9 милијарди американски долари), вредноста на брендот на Дојче Телеком е зголемена за 141 процент, односно повеќе од двојно.

    Brand Finance го припишува повторното значително зголемување на вредноста на брендот на Дојче Телеком на доследното управување со брендот, како и на позитивниот економски и технолошки развој на компанијата. Континуираниот раст во САД и во Европа извршил особено позитивно влијание. Клучните фактори како иновациите, корисничките услуги, односот цена–квалитет, препораките од корисниците и довербата исто така имаат централна улога во овој успешен развој. Дојче Телеком уште еднаш успеа да импресионира во сите овие области на сите различни пазари на кои е присутен. Доследното меѓународно присуство на брендот дополнително ја зајакнува неговата перцепција како глобален играч.

    Македонски Телеком е дел од Групацијата Дојче Телеком 25 години и ги носи на пазарот најсовремените решенија и услуги за корисниците и за дигиталниот развој на земјата.

    Brand Finance е глобално активен, независен институт за вреднување и анализа на брендови со седиште во Лондон. Институтот објавува ранг-листа на 500-те највредни брендови во светот, врз основа на нивната вредност изразена во американски долари. Вредноста на брендот се пресметува врз основа на надоместоците за лиценци што една компанија би морала да ги плати доколку не би била сопственик на брендот.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.