Спремни сме за превремени избори во било кое време и мислам дека на граѓаните конечно им е јасно за каква Влада станува збор. Опозицискиот лидер филипче демонстрираше оптимизам дека неговата партија може да се врати на власт до крајот на оваа или на почетокот на наредната година.
„Јас сум прилично сигурен дека предвремени избори ќе има. Дали ќе бидат на крај на оваа година, дали ќе бидат на почеток на следната година, и тоа од неколку фактори. Прво, оваа влада е тесно поврзана и тоа ние секојдневно го објавуваме и го аргументираме со авторитарните режими во регионот на Орбан и на Вучиќ.
Избори ќе има во двете земји. Многу работи ќе зависат од исходот на тие избори, понатаму од тешката економска состојба во која што се наоѓа државата. Оваа влада ја носи државата во амбис. А во однос на нашата подготвеност апсолутно во било кое време сме спремни да настапиме на избори, при тоа мислам дека конечно Граѓаните им е јасно за каква влада станува збор и дека повеќе нема да може да помине лажната пропаганда со која што тие дојдоа на власт во 2024 година.“ – рече Филипче во изјава за новинарите.
- Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
- Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
- Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
- Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме
- Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
- Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
- Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
- Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет

