Author: admin_press24

Полицијата утрово спроведе координирана акција и претреси на повеќе локации во Арачиново, Мојанце, Сингелиќ, Чаир, Брест и Љуботен, насочени кон спречување недозволена трговија со оружје. Според неофицијални информации, при претресите се пронајдени три автоматски пушки, два пиштоли, поголема количина муниција од различен калибар, како и пет моторни возила и повеќе мобилни телефони кои се одземени за понатамошна истрага. Неофицијално, приведени се 12 лица, а полициските активности продолжуваат и во текот на денот. Од Министерството за внатрешни работи се очекува официјално соопштение со повеќе детали за акцијата. Информацијата ја потврди и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. „Во текот…

Повеќе

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против екс министерот Оливер Спасовски, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување Според пријавата, Спасовски во текот на 2021 година, додека ја извршувал функцијата министер, искористувајќи ја својата службена позиција, овозможил на правен субјект – станица за технички преглед во општина Сарај – да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари. Според МВР тој наводно го сторил делото така што, спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето за технички преглед иако…

Повеќе

Опозицискиот лидер Филипче најавува протести доколку во Собранието не помине резолуција против примање на мигранти која неговата партија планира да ја поднесе наскоро.Опозицискиот лидер денеска на прес конференција рече дека по онлајн петицијата која ја објави неговата партија, следен чекор ќе биде предлог резолуција во Собранието со која пратениците ќе потврдат дека Македонија нема да прима мигранти.Доколку мнозинството не даде поддршка на ваквата резолуција тој најави дека ќе повика на масовни протести.Премиерот Мицкоски вчера рече дека додека е тој премиер мигранти во Македонија нема да бидат примени.

Повеќе

Времето останува стабилно и претежно сончево до крајот на декември, без значителни врнежи и со постепено опаѓање на температурите, покажува долгорочната прогноза. Во текот на оваа и следната недела дневните температури ќе се движат меѓу 8 и 14 степени, додека утринските минимални ќе паѓаат од –1 до –3 степени. Кон средината на месецот се очекува краткотрајна променлива облачност, но без поголеми промени во времето. Од 21 до 27 декември следува свеж и претежно облачен период, со дневни температури околу 6–9 степени, а минималните ќе се движат меѓу 0 и –6 степени. Во последните денови од годината времето повторно ќе се…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина има реалистичен пристап кон своите стратешки цели – членството во НАТО и враќањето на Крим – но нагласи дека официјалната позиција на Киев за статусот на полуостровот останува непроменета. Зеленски го даде коментарот одговарајќи на новинарско прашање на Би-би-си за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Политико“, во која тој тврдеше дека Зеленски уште во 2019 година го замолил рускиот претседател Владимир Путин да го врати Крим и да ја поддржи Украина за членство во НАТО. Украинскиот претседател не ги потврди тие наводи, но рече дека е можно во минатото…

Повеќе

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма поради прекршување на Законот за јавна чистота. Санкциите следат по извршена контрола, при што инспекциските служби утврдија дека од градилиште во непосредна близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче во сообраќај се вклучувале возила со валкани гуми, со што директно се нарушува чистотата на животната средина и се прекршуваат законските одредби. Општина Аеродром потсетува дека ваквите прекршоци се недозволиви и дека ќе се санкционираат строго и без исклучок. Во наредниот период, Општина Аеродром, покрај редовните, најавува и засилени контроли на…

Повеќе

Раководството на СДСМ, заедно со членовите на Извршниот одбор, вчера вечерта поднесоа оставки на предлог на партискиот лидер Венко Филипче. Од партијата информираат дека оставки поднеле заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор. Оставките се доставени до Централниот одбор и до претседателот на партијата. „Со овој одговорен и морален чекор, раководството на СДСМ отвора простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување, зајакнување, вклучување на нови луѓе, организациско редизајнирање и внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ“, се наведува во соопштението. На една од следните седници на Централниот одбор, Филипче…

Повеќе

Белгиската полиција ја приведе поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во рамки на истрага поврзана со наводна измама во која биле вклучени Колеџот на Европа и Европската служба за надворешни активности (ЕЕАС), пренесуваат белгиските медиуми. Могерини, која во моментов ја извршува функцијата ректор на Колеџот на Европа, била уапсена во Брисел, а истрагата се однесува на сомнежи за финансиски неправилности и злоупотреби во институциите со кои соработувала. Белгиските власти сè уште не објавуваат детали за случајот, додека истрагата продолжува

Повеќе