Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Загрижени сме за здравјето на Филипче – скроз забега

    ВМРО-ДПМНЕ: Загрижени сме за здравјето на Филипче – скроз забега

    11.12.2025 во 11:342 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изнесени на прес-конференција, обвинувајќи го дека „поставува прашања за непостоечки теми“ и дека партијата повеќепати јавно одговорила дека „во Македонија нема да има мигранти“.

    Во соопштението, партијата наведува дека Филипче зборувал за случај од соседна држава со кој „ни државата, ни ВМРО-ДПМНЕ немаат никаква поврзаност“. Од партијата оценија дека ставовите на лидерот на СДСМ се „загрижувачки“ и дека темата која ја отвора е „вештачка“.

    „Секојдневно повторуваме дека мигранти во Македонија нема да има. И денес Филипче пак праша истото. Не знаеме дали воопшто го слуша одговорот, но уште еднаш кажуваме – мигранти нема да има“, стои во реакцијата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека не можат да се произнесат по најавената резолуција на СДСМ за мигранти, бидејќи, како што велат, „резолуција нема доставено“ и треба да се види каква содржина ќе има, алудирајќи дека можеби ќе содржи слични решенија како одлуката од 2018 година, за која тврдат дека Филипче како дел од тогашната влада гласал.

    Во соопштението, партијата се осврнува и на синоќешниот упад во новинарска редакција, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ „веднаш го осудило инцидентот“ и отфрла било каква поврзаност со настанот.

    „Му посакуваме на Филипче да се смири и да оздрави. Ваквите лажни и невистинити тези му штетат и нему и на јавноста“, наведува ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во СДСМ треба да има одговорност и „луѓе како него, Спасовски, Николовски и Бисера да си заминат од партијата“.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.