Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Филипче во 2018 гласал за камп за прифаќање на мигранти во Бардовци

    Андоновски: Филипче во 2018 гласал за камп за прифаќање на мигранти во Бардовци

    11.12.2025 во 10:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, изнел тврдење дека лидерот на опозицијата Венко Филипче, како член на тогашната влада, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидувала изградба на камп – прифатен центар за странци во скопската населба Бардовци. Тврдењето е пренесено во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
    Според Андоновски, одлуката на Владата од 23 јануари 2018 година, објавена во „Службен весник“, предвидувала изградба на прифатен центар за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР. Тој оцени дека е „апсурд и класична манипулација“ опозицискиот лидер денес да обвинува за наводни мигрантски договори, додека, како што тврди, во минатото поддржал ваков проект.

    Андоновски потсети и на протестите што тогаш се одржале во делот помеѓу Бардовци и Чучер-Сандево, на кои жителите се спротивставиле на изградбата на центарот.

    „Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден доказ дека владата предводена од партијата преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти и ја бранеше Европа од Европа“, изјави Андоновски.

    Тој додаде дека „човекот кој деновиве држи прес-конференции за мигранти, во 2018 година гласал за изградба на мигрантски камп во Македонија, конкретно во Бардовци“.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.