Наместо да се јави во затворот во Идризово, каде од денеска треба да ја започне десетгодишната затворска казна за автобуската несреќа кај Ласкарци, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, заминал на операција во тетовската болница. Ова за „Вечер“ го потврди судијата за извршување санкции од Гостивар, кој лично отишол во болницата за да провери дали навистина е закажана интервенцијата. „Докторот ме увери дека по пациентката која е закажана пред него, Белули е следен за операција,“ изјави судијата. Тој по трет пат го одложува влегувањето во затвор на Белули – прво поради операција на кила на едниот тестис, потоа поради компликации,…
Повеќе