Европскиот суд за човекови права отвори сериозни прашања околу можните повреди на правото на правично судење во предметот против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за набавката на блиндирано возило, објави таа на својот профил на Фејсбук. Јанкулоска наведува дека Судот во Стразбур препознал повеќе пропусти и сомнежи за неправилности во постапката, кои, како што тврди, се резултат на „беззаконието и бескрупулозноста на инсталациите на претходната власт во правосудството“. Додава дека, иако минале речиси пет години од поднесувањето на апликацијата, а таа во меѓувреме ја издржала затворската казна, сознанието дека ЕСЧП утврдил сериозни основи за разгледување на нејзините наводи…
Повеќе