- Доаѓа пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на април 2026
- Колку јајца се бојадисуваат за Велигден? Без разлика колку луѓе има во куќата, овој број мора да се почитува
- Трамп нареди итно повлекување на американската војска од Европа
- Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
- Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните
- Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати
- Израел тргна во копнена офанзива: Активирана операцијата против Хезболах во Либан
- Колапс на европските граници: Патници заглавени и по седум часа на пасошка контрола
Author: admin_press24
Мигрантка од Кина загина уште 7 се повредени: Кај Дојран им се преврте камионот во кој се шверцувале
Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандов-Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозорт и се превртел. Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обдукција „Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител изврши екипа од…
Реката Пчиња се излеа од своето корито во селата Пелинце и Стрновац, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово. Од општина Старо Нагоричане информирале дека на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и кај бања Стрновац, водата се излеала околу 20 сантиметри над нивото на речното корито. Според РЦУК, во моментот излевањето не зафаќа куќи или викендици. Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, што го отежнува нормалниот проток на реката. За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности. Двајца возачи утрово заглавиле со…
Долгорочната прогноза за крајот на 2025 и почетокот на 2026 година покажува дека претстојната зима ќе биде релативно блага, но со неколку периоди на студ и повремени врнежи од снег, особено во втората половина на декември и во текот на јануари. Ноември 2025 – потопол од просекот, со малку врнежи Во ноември ќе преовладуваат високи температури за овој период, кои најчесто ќе се движат меѓу 16 и 22 степени. Врнежите ќе бидат поретки, со кратки дождливи денови околу 19–21 ноември и кон крајот на месецот. Снег не се очекува. Декември 2025 – стабилно, суво и релативно топло Декември ќе донесе…
Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува досегашното ослободување од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Од Министерството за финансии појаснуваат дека мерката има цел да ја зајакне домашната економија, да ги поддржи локалните компании и да стимулира отворање нови работни места. Од МФ истакнуваат дека укинувањето на ослободувањето од ДДВ ќе го пренасочи дел од прометот кој досега одел кон странските онлајн платформи. Според нивните процени, околу 4 милиони денари месечно ќе останат во домашното стопанство, што ќе придонесе за раст на локалните фирми, подобрување на…
Додека цената на биткоинот (BTC) паѓаше под 90.000 долари, големите институционални играчи ја искористија можноста да купуваат, додека помалите инвеститори се чини дека се повлекуваат во паника. Strategy купи 8.178 BTC за 835,6 милиони долари, додека Harvard Management Co тројно ја зголеми својата изложеност преку Bitcoin ETF, сигнализирајќи доверба во долгорочното закрепнување на пазарот, пишува CryptoSlate. Кој продаваше за време на падот? Податоците покажуваат дека таканаречените краткорочни сопственици – паричници кои набавиле монети во последните 155 дена – ја воделе распродажбата и оствариле загуби во процесот, што аналитичарите на Glassnode го нарекуваат капитулација. Во оваа група доминираат мали инвеститори кои често…
Влажен бран кој се движи кон земјава стави половина од Македонија во портокалова фаза. Метеоалрмот покажува опасност од врнежи во портокалова фаза во делови од западниот регион и Пелагонија. Поголем дел од повардарието и источна Македонија се во жотла фаза.Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.Утре се очекува променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува…
Премиерот Мицкоски вели дека воопшто не ги слушнал условите кои Села ги поставил за да стане дел од владејачкото мнозинство. Тој вчера во гостување на Топ Тема на ТВ Телма рече дека тој во принцип не функционира врз ултиматиуми и условувања. „Во принцип не, не работам под ултиматуми или условувања. Никогаш во животот не работам и тоа е погрешен пристап да се комуницира со мене. Мислам, ако некој мисли дека со ултиматуми или услови ќе ме омекне или привлече, мислам дека тоа е најпогрешниот пат кој го одбрал.“ – реле Мицкоски. Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, во интервју…
Судијката Дијана Груевска Илиевска која го суди предметот против обвинетите за пожарот до дискотеката Пулс, денеска на стартот на судењето рече дека не може да вети брзина бидејќи може да се направат греши. Таа потенцираше дека ќе даде се од себе за да се задржи професионалноста и да им се овозможи на сите страни да ја кажат својата верзија „Со секоја почит кон болката и тагата на родителите и роднините ќе имаме почит, но ние сме професионалци и ќе дадеме можност на сите да си ја кажат својата теорија и да понудат докази. Не можам да ветам брзина. Може да…
Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот ресторан „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект. Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа, на терен излегоа комуналните екипи на Општината. По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи. „Општина Аеродром останува посветена на чиста, безбедна и уредна средина и ќе продолжи решително да реагира секаде каде што сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.“ – се вели во соопштението на општината
