Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија како порта кон Централна Европа – Николоски разговараше со турскиот амбасадор
    • Вкрстено испрашување на градежниот вештак – Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“
    • Се урна воен авион во Франција
    • Ќе спиеме еден час повеќе – За неколку дена ги враќаме стрелките на часовникот
    • Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар
    • Хорор го потресе светот – Мајка се обидела да ги убие своите две деца и сопругот
    • Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе
    • ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ахмети не се предава: Обид да се „закрпи“ коалицијата околу ДУИ

    Ахмети не се предава: Обид да се „закрпи“ коалицијата околу ДУИ

    27.11.2025 во 10:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДУИ им даде јавна поддршка на кандидатите кои доаѓаат од партијата на Таравари и кои ќе прават нов обид да стигнат до градоначалничките позиции во општините Гостивар и Врапчиште.
    Генералниот Совет ја потврди едногласната поддршка за:

    • г. Валбон Лимани, кандидат за градоначалник на Општина Гостивар

    • г. Исен Шабани, кандидат за градоначалник на Општина Врапчиште

    ДУИ оценува дека овие кандидатури ја претставуваат сериозноста, посветеноста и визијата на коалицијата за развој на општините и благосостојбата на граѓаните.

    Во одлуката се истакнува дека резултатите од претходните избори покажаа јасна и убедлива разлика во корист на Националната Алијанса за Интеграција, разлика која произлезе од заедничката работа, ангажманот на терен и широката народна поддршка. Генералниот Совет оценува дека оваа предност ќе се продлабочи уште повеќе, благодарение на довербата на граѓаните и заедничкиот ангажман – се вели во соопштението на ДУИ.

    Од партијата велат дека ќе ги стават во погон сите партиски структури за да се даде придонес овие две кандидатури да ги добијат дополнителните избори во овие општини откако во редовниот изборен процес не беше постигнат потребниот цензус.

    Ваквата порака на ДУИ доаѓа во време кога Села ја напушти коалицијата а се најавува и фрагментирање на пратеничката група и прелети кон мнозинството па оттука, таа може да се сфати и како чекор на Ахмети во насока на тоа да ја „закрпи“ коалицијата која се соочува со сериозни предизвици.


    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус

    21.10.2026 во 09:54

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче

    21.10.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.