Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пожарот во деловни простории во кругот на Железара е изгаснат
    • Димитриеска-Кочоска во Њујорк: Важно е Македонија да биде дел од глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст
    • Мицкоски-Јанша: Eвропската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати
    • Муцунски-Ананд: Унапредување на политичката и економската соработка
    • Посредувале во вршење проституција: Приведени две лица
    • Рубио: Трамп и Зеленски ќе разговараат за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура
    • Сали на отворањето на Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации
    • Трамп најави крај на војните во Иран и Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се огласи Уставен за пензиите: Се уште нема одлука – кога ќе одлучиме ќе известиме

    Се огласи Уставен за пензиите: Се уште нема одлука – кога ќе одлучиме ќе известиме

    27.11.2025 во 14:391 Min Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставниот суд соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука по предметот У.бр. 13/2025, кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување – одредбата што го регулира линеарното зголемување на пензиите.

    Од Судот потсетуваат дека на 24. седница одржана на 19 ноември 2025 година, со мнозинство гласови било изразено сомневање во уставноста на спорниот член. Постапката сега е во втора фаза, во која се бараат мислења од предлагачите и од доносителот на Законот, по што ќе следува финална одлука.

    „Јавноста ќе биде известена кога предметот ќе биде ставен на седница за гласање“, наведува Судот.

    Во однос на прашањата дали Уставниот суд ќе ја преиспитува законитоста на сите досегашни линеарни покачувања, од институцијата појаснуваат дека тоа нема да се случи. Судот веќе ја отфрлил иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18, кои го регулираа зголемувањето од 2.500 денари исплатено во септември 2024 и март 2025 година.

    Причината, како што се наведува, е што тие одредби биле темпорални и веќе не се дел од правниот поредок, па затоа нема основ за нивно повторно оценување.

    Прочитај повеќе

    Пожарот во деловни простории во кругот на Железара е изгаснат

    22.09.2026 во 20:00

    Муцунски-Ананд: Унапредување на политичката и економската соработка

    22.09.2026 во 19:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.