Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Кој ќе ја преземе власта: Почна изборниот молк во Србија
    • Празничен егзодус: Maкедонците тргаа кон Грција за продолжениот викенд – колони возила и долги чекања на Богородица
    • Есенски утрински температури: Живатa на термометарот спуштена до 3 степени на Попова Шапка
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

    Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

    22.09.2026 во 18:013 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најочекуваното обраќање на отворањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации беше на американскиот претседател Доналд Трамп, кој говореше денеска, како втор говорник, по бразилскиот претседател Лула да Силва.

    Во својот говор, Трамп најави дека светот влегува во ера на вештачката интелигенција, односно, како што тој побара сите да ја нарекуваме во иднина – супериорната супер-интелигенција, за која рече дека ќе донесе период на благосостојба за сите.

    Трамп воедно најави скорешен крај на војната во Украина, додека за конфликтот со Иран рече дека тој ќе запре по ноемвриските конгресни избори во САД, на кои се очекува војната и инфлацијата да имаат пресудна улога меѓу гласачите.

    – Во сите законски документи и регулации од денеска вештачката интелигенција ќе биде позната под името супер-интелигенција. Јас нема да дозволам да се попречува развојот на нешто што ќе биде поголемо од индустриската револуција, поголемо од интернетот. Напротив, ќе го поттикнеме развојот на супер-интелигенцијата, изјави Трамп.

    Тој оцени дека САД имаат огромна предност пред Кина во развојот на вештачката интелигенција и дека ќе продолжат да ја градат таа предност.

    За критиките дека се работи за опасен изум, Трамп рече дека повиците за запирање на развојот на вештачката интелигенција доаѓаат од истите кругови кои го попречуваат развојот на енергенсите на човештвото под превезот на „климатските промени“.

    – Истите што викаат дека ќе не убие вештачката интелигенција, дека ќе не ловат роботите, претходно велеа дека ќе не убие глобалното затоплување, ме обвинуваа за соработка со Русија, се залагаат за отворени граници. Тој што ќе победи во развојот на супер-интелигенцијата, тој е победникот, рече Трамп.

    Претседателот на САД го обвини Иран дека одбивал да постигне договор за укинување на нуклеарната програма, како и за кршење на договорот за прекин на огнот, со кој требаше да се нормализира текот на нафтата низ Ормудскиот теснец.

    Трамп ја правдаше својата одлука да го почне конфликтот со Иран велејќи дека таа држава спонзорирала тероризам насекаде низ светот, а со добивање на нуклеарно оружје ќе станела многу поопасна.

    – Замислете само ако овој одвратен режим почне да врши големи терористички напади скриен зад нуклеарен штит. Тоа беше реалноста со која моравме да се соочиме, а која многумина сакаа да ја игнорираат. Јас сум решен дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје. Ги повикувам сите држави да ни се приклучат, да спроведеме економска изолација на Иран додека не ги запрат нивните напади врз трговските бродови, се откажат од своите нуклеарни амбиции и ја запрат поддршката на тероризмот, изјави Трамп.

    Иранската делегација ја напушти салата на Обединетите Нации кога Трамп почна да зборува за нив.

    – Војната во Украина ќе заврши многу поскоро отколку што мислиме. Работам многу тесно со лидерите на Русија и на Украина, и ќе го решиме тој проблем, истакна Трамп, додавајќи дека не може веќе да поднесе да ги гледа фотографиите од бојното поле и од жртвите на двете страни.

    За безбедноста на Европа, Трамп силно го пофали генералниот секретар на НАТО Марк Руте, велејќи дека издејствувал зголемување на буџетите за одбрана на членките на НАТО од два на пет проценти од бруто домашниот производ. „Тоа значи дека сега ќе добијат повеќе заштита“, додаде Трамп

    Прочитај повеќе

    Кој ќе ја преземе власта: Почна изборниот молк во Србија

    23.10.2026 во 11:33

    Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата

    22.10.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.