Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
    • ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија
    • Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули

    ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули

    23.10.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владините фалења за „рекорден реформски напредок“ се само празна статистичка илузија која нема допирна точка со суровата реалност, истакна претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, во своето гостување во емисијата „Колегиум“ на ТВ Алфа. Доколку се мери според вистинските капацитети и брзината на институциите, нашиот реформски напредок е на ниво од само 30 до 45 проценти, што во реалноста претставува преодна оценка од „два плус“. Наместо европски лидер, Македонија денес со тешки маки преживува во реформскиот процес. Граѓаните се заморни од вештачки розеви слики и од удобната стратегија на статус-кво, во која власта свесно одбира да тапка во место, наместо да ги повлече вистинските реформски потези.

    ЛДП уште пред повеќе од една година го понуди единствениот одржлив излез од пат-позицијата – носење на уставните измени со одложено дејство кои ќе важат дури откако земјите-членки ќе ги ратификуваат пристапните протоколи, проследено со воведување на национални самозаштитни клаузули по сите европски аршини. Овие решенија веќе уживаат отворена поддршка кај европските либерали (АЛДЕ), кои активно лобираат за ревидирање на ветото и воведување систем на фазна интеграција.

    „За реализацијата на Реформската агенда, дури и во најдобро сценарио, до крајот ќе постигнеме максимум 35 до 40 проценти реализација од предвидените 100%. Или да го кажам на средношколски – би добиле трогателна оценка ‘два плус’! Оваа тема веќе навистина е досадна и ги уморува граѓаните затоа што се гледа дека не се сака апсолутно ништо да се направи и дека живееме во некаква удобна стратегија на статус-кво. Не сакаме да се ставиме како држава во позиција на оној феномен – ‘ме мрази учителката и затоа ми става слаба оценка’. Време е за проактивна дипломатија и конкретни заштитни клаузули дома“, посочува Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието.

    ЛДП апелира до власта да престане да се оправдува зад надворешните пречки и итно да ги прифати заштитните механизми на ЛДП. ЕУ-интеграциите не се носат со декларативни прес-конференции, туку со заштитен државен интерес и суштински реформи што граѓаните ќе ги почувствуваат во сопствениот дом!

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија

    23.10.2026 во 10:55

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.