Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ново поскапување на дизелот, а значително помала корекција кај бензините е најреалното сценарио за денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Иако суровата нафта утрово повторно поевтинува и Брентот се спушти до околу 102 долари за барел, за денешната пресметка поважни се високите цени на рафинираните горива во текот на минатата недела.

    Просечната медитеранска котација на рафинираниот дизел во периодот од понеделник до петок била околу 1.595 долари за тон, наспроти околу 1.494 долари претходната недела. Тоа е раст од речиси 7 проценти, а дополнителен притисок создава и доларот, кој во просек зајакнал за околу еден процент во однос на денарот.

    Кај бензинот растот на берзанската цена е многу помал – околу еден процент, па заедно со курсот на доларот притисокот врз домашната цена е околу два проценти. Оттука, најреално е ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 да поскапат за околу денар за литар.

    Најголемата промена повторно се очекува кај дизелот. Доколку официјалните Platts котации на РКЕ се движат слично со јавно достапните берзански показатели, дизелот би можел да поскапи за неколку денари.

    Ценовниот удар и овојпат ќе биде ублажен со владините мерки. ДДВ-то за дизелот е намалено на 10 проценти до 28 септември, а во последната пресметка акцизата беше намалена за четири денари кај дизелот и за два денари кај бензините.

    Падот на суровата нафта што се случува денеска е добра вест, но најверојатно ќе има поголемо влијание врз следната неделна пресметка. Конечните максимални цени РКЕ треба да ги соопшти денеска околу пладне.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.