Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го предложи д-р Александар Трајановски за нов потпретседател на партијата. Предлогот ќе биде презентиран на седницата на Извршниот одбор, закажана за 18 часот. За назначувањето да стане официјално, потребно е да го одобри и Централниот комитет, но засега седница на највисокото партиско тело не е закажана. Филипче истакна дека процесот на кадровски промени се одвива внимателно и побара трпение од членовите и симпатизерите. „Вечерва ќе го презентирам дел од плановите. Сакам да најавам дека на позицијата потпретседател ќе го номинирам доктор Александар Трајановски, актуелен член на Извршниот одбор. Тој е исклучително…
Повеќе