- Доаѓа пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на април 2026
- Колку јајца се бојадисуваат за Велигден? Без разлика колку луѓе има во куќата, овој број мора да се почитува
- Трамп нареди итно повлекување на американската војска од Европа
- Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
- Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните
- Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати
- Израел тргна во копнена офанзива: Активирана операцијата против Хезболах во Либан
- Колапс на европските граници: Патници заглавени и по седум часа на пасошка контрола
Author: admin_press24
До крајот на календарската година задолжително околу 300 евра или 18.000 ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен одмор. Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, соглaсно законот е утврден на 40% од просeчната исплатена плата и за оваа година сумата е 18,141 денари за приватен сектор, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари. Согласно законот, работодавците до 31 декември треба да исплатат К-15, кој изнесува најмалку 40 отсто од просечната плата, а најмногу 100 отсто. К-15 им следува и на административците, кој е помал за 100 евра од оној кој се исплаќа во приватниот сектор.…
Грција најави нов, автоматизиран систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој ќе им оневозможи на странските државјани да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна. Според најавата од грчкото Министерство за дигитална управа, системот директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Тоа значи дека при премин на граница, веднаш ќе се појават сите евентуални неплатени казни. Ако полицијата ви изрекла казна или ве регистрирала сообраќајна камера, податоците автоматски ќе се внесат во системот, а на граничниот премин ќе ве чека само сметка. Во пракса, доколку, на пример, камера во Солун регистрира прекршок, казната веднаш ќе се евидентира и ќе…
Сончево време до крајот на неделата, потоа дожд и заладување Според најновата временска прогноза, до крајот на ноември и почетокот на декември Македонија ја очекува променливо време со постепен пад на температурите.Во наредните неколку дена ќе преовладува сончево и релативно топло време, со дневни температури до 16–17 степени, а утринските ќе се движат околу нулата. Средината на месецот со дождови и облаци Од 18 до 22 ноември се очекуваат периоди на облачност и врнежи од дожд, со температури меѓу 14 и 16 степени. Во овој период времето ќе биде променливо, со пообилни врнежи на југозападот и југоистокот на земјата. Од…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имал работен состанок со претставници на Финансиската полиција за да се испитаат можните злоупотреби во работењето на повеќе градски јавни претпријатија. Во интервју за МТВ1, Ѓорѓиевски изјави дека во интерес на истрагата не може да открива детали, но потенцира дека цврсто стои зад сите информации што досега ги објавил во јавноста. Повик од Обвинителството Претходно, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го повика градоначалникот на Скопје да ги пријави сите случаи на злоупотреби во Јавното обвинителство и да достави докази, доколку располага со нив. 500 фиктивно вработени и загуби од 20 милиони евра Ѓорѓиевски потсети дека…
Вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи рече дека почнал да го учи македонскиот јазик.Тој денеска одговараше новинарски прашања со преведувач. Зборуваше на албански а преведувачката преведуваше на македонски.Повторно објасни дека не живеел во Македонија и дека затоа не го знае македонскиот јазик, додека течно говори на 5 странски јазици.Новинарите го прашаа, дали почнал да го учи македонскиот на што тој одговори потврдно.
ВРЕДИ смета дека треба да добие две места во реконструкцијата на кабинетот на Премиерот Мицкоски бидејќи Меџити, кој сега стана градоначалник во Владата држел две позиции, заменик премиер и Министер за животна средина вели вицепремиерот Арбен Фетаи. „По изборот на Меџити за градоначлник на Чаир, нна неговото место треба да дојде Беким Сали. Како што знаете, Меџити држеше две функции во Владата. Ние сметаме дека треба да предложиме едно плус име, Министер за животна средина и заменик Премиер.“ – рече Фетаи Сепак, тој е свесен дека тоа ќе биде одлука на Премиерот со кој очекува да имаат средба на која…
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на локалниот пат меѓу скопските села Кондово и Долно Свиларе, кога автомобил „фолксваген голф“ управуван од 15-годишно момче од Скопје се судрил со „фолксваген пасат“, зад чиј управувач била 27-годишната А.М. од Долно Свиларе. Од сударот тешко се повредиле малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје. Телесни повреди добиле и уште двајца млади – 15-годишник од Кондово и 17-годишник од Скопје, кои исто така биле во „голфот“. Во второто возило, „пасатот“, полесни повреди добиле 27-годишната возачка А.М. и нејзиното двегодишно девојче. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и во…
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на изјавите на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и го повика јавно да се соочат во телевизиска дебата. Арсовска побара од Ѓорѓиевски да ги објави сите податоци за долговите на градските институции и фирмите што соработуваат со Градот, со точни износи, фактури и датуми на обврските. Таа, исто така, побара да биде објавена и листата на 500 вработени за кои градоначалникот тврдеше дека не доаѓале на работа подолг период. „Ако имаш аргументи, излези и соочи се на јавна дебата. Нема потреба од изговори и политички манипулации, граѓаните…
ВД Претседателката на скопскиот Кривичен суд, Даниела Димовска е избрана за Агент на промени во тримесечниот Извештај во рамките на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор на Република Македонија (2021–2026), спроведувана од Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ) Преку обуките на ДЦАФ, насочени кон развивање на наставни капацитети, структурирано споделување на знаења, прецизно дефинирање на проблемите и поттикнување на судски дискусии, В.Д. Претседателката стекна значајно практично искуство како обучувач. Со тоа, таа активно влијаеше врз унапредувањето на етиката,управувањето со конфликти и јавната комуникација, што сега успешно се применува и во работата на Основниот кривичен суд Скопје – се…
Премиерот Мицкоски вели дека не е крај на светот ако некои компании се затворат, бидејќи такви се условите на пазарот. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање по информацијата дека две американски фирми си заминуваат од Бунарџик по што 1000 луѓе ќе останат без работа, Мицкоски вели дека тоа не е нешто што треба да не загрижува. Ќе има компании кои што се отвораат, ќе има компании кои што се затвораат, и домашни и странски, и тоа не треба да се сфаќа Како нешто кое што претставува крај на светот. Ние како влада се обидуваме и успешни сме во тоа да…
