Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ кој треба да им даде поддршка на војниците на ОВК кои меѓународниот суд ги суди за воени злосторства. Како што објасни премиерот, државата ќе има формирано кризен штаб, ќе се следи секој што ќе дојде во Македонија, а полицијата нема да дозволи да се наруши јавниот ред и мир. Според Мицкоски, целата оваа постапка е само обид на ДУИ да се извлече од лошата состојба во која се наоѓа по катастрофата на локалните избори
„Не станува збор тука за политички договор или неполитички договор, очигледна е намерата дека некој се обидува на овој начин да се мобилизира. Тука пред се мислам на Демократската унија за интеграција. На тој начин мисли дека ќе добие повторно некаква поддршка, ќе ги мобилизира своите гласачи. Жалам што има и такви коишто еве го поддржуваат овој процес јавно, иако тоа немаше потреба по мене да се случи, но тоа е нивна одлука, не би сакал јас да ја коментирам. Ние како Влада ќе сториме се што е во наша моќ, од прифаќањето на граница до реализирањето и до завршувањето на овој протестен марш, да биде се поминато во најдобар ред. За ова се исто така информирани и нашите стратешки партнери. Сите тие се информирани за сите оние мерки коишто ќе бидат преземени. Ќе имаме и кризен штаб којшто ќе го следи сето ова 24 часа пред да се случи и откако ќе се случи, нормално, обезбедување на испраќање на сите оние коишто ќе дојдат на тој настан. Така што како Влада и како држава и како институции ќе ги преземеме сите мерки да не им успее првичната намера да испровоцираат било каква реакција којашто може да има негативни консеквенци не само за граѓаните, туку и за регионот“ – рече Мицкоски
- Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
- Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора
- По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
- Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
- Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг
- Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница
- Уапсени двајца охриѓани бидејќи натепале свој сограѓанин
- 45-годишник заврши зад решетки – полицијата му најде бела прашкаста материја

