Author: Author 04

Пожар избувна во рафинеријата за нафта на МОЛ во Унгарија синоќа. Се сомнева дека пожарот е предизвикан од експлозија, а службите за итни случаи сè уште работат на местото на настанот. Пожарот и експлозијата биле пријавени во фабриката за преработка на суровини, каде што пламените јазици избувнаа доцна во понеделник навечер. Први на местото на настанот пристигнаа пожарникарите на фабриката, а потоа и професионални пожарникари од Будимпешта и околните области. Службата за управување со катастрофи исто така беше на лице место. Пожарот беше локализиран, а интервенцијата траеше до раните утрински часови. Во пожарот нема повредени.

Повеќе

Во средината на подготовките за средбата меѓу претседателите на САД и Русија – Доналд Трамп и Владимир Путин, од Вашингтон доаѓаат експлозивни вести. Имено, вчера разговараа американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по што Рубио наводно му рекол на Трамп дека Русите не се откажуваат од своите максималистички барања. Ова ја одложи средбата Рубио-Лавров, поради што и средбата Трамп-Путин во Будимпешта е под знак прашалник. Ова одложување на средбата Рубио-Лавров ја одложува и очекуваната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Ништо од средбата Трамп-Путин во Будимпешта? Трамп во…

Повеќе

Ноќеска во 01.30 часот, полициски службеници Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и А.У.(51), сите од Турција, и Н.А.Т.(39) и А.Д.М.У.(27), двајцата од Узбекистан, поради сомнение за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и член 378 од Кривичниот законик. При претрес во домот на А.З. во кој престојува на подрачјето на Чаир, извршен со судска наредба, а во кој се затекнати останатите пет лица без дозволи за престој, пронајдени и одземени…

Повеќе

Без електрична енергија денеска од 09.00 до 12.00 часот ќе бидат корисниците од ул. Ловќенска лоцирани околу бр. 14, како и корисниците на бул. Партизански одреди лоцирани околу автобуската станица кај хотел Карпош, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 08.30 до 16.00 часот, ќе немаат и корисниците од областа Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава во општина Студеничани, од 09.00 до 13.00 часот корисниците на ул. Стар Качанички пат и дел од нов Качанички пат во општина Бутел, а од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел ос С.Долно Лисиче во општина Аеродром.

Повеќе

Доколку парламентарното мнозинство во Хрватска ги прифати измените на два закона, до крајот на годината, младите мажи родени во 2007 година треба, според најавата, да добијат повик за задолжителна воена служба. Ќе се спроведува во касарни во Книн, Слуњ и Пожега, каде што досега се одвиваше волонтерска обука. Алтернатива на воената служба е служење во цивилна заштита три месеци или во единиците на локалната или регионалната самоуправа четири месеци. Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ објави дека првите повици за воена служба ќе пристигнат до крајот на годината, за млади мажи родени во 2007 година. Доколку ова се постигне, војниците…

Повеќе

Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС. Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДС тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „На локалните избори СДС освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број на советници, СДС има 230, што е за 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Споредбено со 2021 година, СДС имаат загубено околу 110 илјади гласови, а приближно 170 советнички места. Да е трагедијата уште поголема, на…

Повеќе

Овен Вие на сцената: чувствувате потреба да започнете нешто, но вистинскиот пробив доаѓа кога ќе размислите и што другите имаат да кажат. Бик Фокусирајте се на поврзување: слушате повеќе отколку што зборувате, и така можете да забележите што досега ви избегало од вниманието. Близнаци Зборот ве носи: ова е можност да разјасните што е нејасно и да започнете разговор што досега е одложен – користете комуникативна нота. Рак Безбедност и блискост: ви треба потврда и емоционална заземјување – не ги игнорирајте сигналите што ви ги испраќаат вашето тело и чувства. ЛавВашата брилијантност доаѓа до својот полн израз: користете ја во…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 13.10.2025 година. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалија за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,614 ден/кг и сега изнесува 36,047 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените…

Повеќе

Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците  од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33. На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ победи и во бастионот на СДС – Струмица, каде со победата во прв круг, струмичани им кажаа збогум на лошите локални политики на Заев и неговите марионети. Делчево, Берово и…

Повеќе

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. „Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари. Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна шлаканица на политиките на менување принципи за ситни лични интереси. Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула“, се…

Повеќе