- Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
- Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи
- Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
- Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
- Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
- АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
- Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
- МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
Author: Author 04
Вчера во 16:17 часот, полициски службеници од СВР Охрид ја приведоа С.А.(55) од Охрид. Таа е затекната при извршување кражба во продажен објект и притоа кај неа се пронајдени повеќе одземени производи, кои се вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во…
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(40) од Турција, Т.М.(25) од с.Волково, скопско, Н.С.(30) од с.Р`жаничино, скопско, Б.А.(23), Б.С.(21), Д.А.(31), А.М.(38), Е.З.(39) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, шишиња со течност и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против A.Г.(36) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 26.06.2025 на бул.„Маршал Тито“ во Виница, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило се обидел да удри 28-годишен маж од с.Лаки, виничко.
Несреќата се случила на километар 780 од Пан-американскиот автопат, во округот Окоња, во покраината Камања Најмалку 37 лица загинаа, а неколку други се повредени откако меѓуградски автобус излета од патот и падна во клисура, во трагична несреќа што се случи во регионот Арекипа во јужен Перу. Несреќата се случила на километар 780 од Пан-американскиот автопат, во округот Окоња, во покраината Камања. Автобусот вклучен во несреќата е на транспортната компанија Љамозас и тргнал од градот Чале, во покраината Каравели, кон главниот град Арекипа, објави перуанскиот телевизиски канал RPP. Според локалните власти, несреќата се случила откако возилото удрило во пикап, поради што…
Петгодишно момче почина во вторник, 11 ноември, откако ѕид се урна за време на детска роденденска забава на мини голф терен во Лондон. Инцидентот се случил во недела, 9 ноември, околу 17:40 часот. Итните служби биле повикани на местото на настанот, а момчето било префрлено со хеликоптер во болница во критична состојба. Шестгодишно девојче исто така било повредено на местото на настанот, а подоцна било пуштено дома. Сведоци рекле дека несреќата се случила додека децата биле на роденденска забава. Се верува дека момчето претрпело повреда на главата од уривањето на ѕидот, но сè уште не е познато кој дел од…
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 157-ма седница ги прогласи Локалните избори 2025 година за конечно и официјално завршени, согласно член 31 став 2 точка 22 од Изборниот законик. Членовите на ДИК го донесоа и дополнувањето на заклучокот за конечност на резултати од гласањето на вториот круг за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и Заклучокот за завршување на локалните избори 2025 за избор на членови на советите на општините, совет на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека денеска е рокот кога ги објавуваат…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Собранието и Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, со акцент на улогата на законодавниот дом во процесите поврзани со одржливиот развој, човековите права и доброто владеење. Претседателот Гаши изрази задоволство од реализирањето на средбата и ја истакна досегашната плодна соработка со Канцеларијата на постојаната координаторка, која, како што нагласи, значително придонесува за унапредување на транспарентноста и отчетноста на институциите. Постојаната координаторка Колумбија ја поздрави иницијативата и ја потенцираше…
Утре во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.
Марија Шерифовиќ, заедно со своите роднини, пријатели и колеги, го придружуваше својот татко Рајко Шерифовиќ до неговото вечно почивалиште. По погребот, Марија се огласи на својот Инстаграм каде што сподели емотивно видео. Во емотивен опис во кој се збогува со својот татко, Марија ги цитираше зборовите што самата ги напиша, а кои беа прочитани на погребот. Во болна објава, Марија нагласи колку нејзиниот татко ѝ значел, иако, како што признава, честопати ѝ недостигал во текот на целиот живот. Сигурна сум дека никој никогаш не ја сакал својата ќерка потивко и повеќе. Исто како што сум сигурна дека никој никогаш не…
