Author: Author 04

Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде се најде во застрашувачка ситуација за време на премиерата на филмот „Wicked: For Good“, која се одржа денес, на 13 ноември, во Сингапур. Додека ѕвездата одеше по жолтиот тепих, среде настанот, непознат маж скокна преку бариерата и физички ја нападна. Инцидентот се случил на влезот во студиото. На видеата што се проширија на интернет, може да се види како мажот ненадејно се приближува кон Аријана Гранде, ја фаќа за рака и ги притиска градите кон неа додека таа се обидува да се оддалечи. Обезбедувањето реагираше брзо, но моментална помош пристигна и од колешката и…

Повеќе

Според истражувањето и статистиката спроведени во американскиот Институт за Астрологија, а базирано на опсежни податоци, Ракот, Девицата и Овенот се покажаа како најдолговечни. РАК Се верува дека многу Ракови живеат длабока старост, затоа што сакаат да водат здрав живот, а тие се мотивирани од мислата да живеат што е можно подолго, за да бидат со своите најблиски и да се грижат за нив, бидејќи Раковите се исклучително семејни и грижливи типови на луѓе. ДЕВИЦА Девиците се долговечни благодарение на уредниот животен стил и големата грижа за нивното здравје. За многу Девици, правилната исхрана и вежбањето се начин на живот, така…

Повеќе

Македонскиот доктор Ненад Цоневски, против кого е отворена истражна постапка во Бугарија поради прегазено куче во Софија пред неколку дена, денеска сам се појавил во Третата окружна полициска станица. Докторот се појавил во полиција во придружба на неговиот адвокат. Веста за неговото самопријавување ја потврди директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов. Николов изјави дека Цоневски „целосно соработува со истрагата“. Станува збор за 28-годишен специјализант по торакална хирургија во Воено-медицинската академија во Софија. Како што беше објавено вчера, Цоневски е суспендиран од Воено-медицинската академија, веднаш по отворањето на истражната постапка против него.

Повеќе

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска објави дека минималната плата во Северна Македонија ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година. Како што истакна Дурмиши, ова зголемување е дел од владините мерки за подобрување на животниот стандард и поддршка на работниците со најниски примања. Тој додаде дека Владата работи на усогласување на минималната плата со инфлацијата и растечките трошоци за живот, со цел граѓаните да почувствуваат реално подобрување во семејните буџети. „Нашата цел е работниците да живеат достоинствено од својата плата, а компаниите да имаат предуслови за стабилен развој. Затоа, следното усогласување ќе обезбеди минималната плата да…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.Т.(40) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 23.09.2025 во дворно место од куќата во  светиниколско, пријавената запалила отпад, по што настанал пожар кој се проширил на соседната парцела, при што целосно бил опожарен лозов насад, дел од помошен објект, како и насади со родни дрвја.

Повеќе

Утре православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари. Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен. Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“. Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против П.Ј.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, на работно место во Сектор за урбанизам во Општина Свети Николе, во 2024 и 2025 година, постапувајќи по поднесени барања за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема од правен субјект од Свети Николе, составил записник за извршен увид на местото во кој навел неточен податок, односно помала површина од реалната која ќе се користи, изготвил одобренија за поставување на урбана опрема и ги доставил за потпис до градоначалникот на…

Повеќе

На 12.11.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје, З.Џ.(61) од с.Копаница, скопско, пријави дека на 11.11.2025 околу 21:05 часот пред угостителски објект во с.Копаница, тој и неговиот внук А.З. биле физички нападнати од Ф.И., Б.И., А.И. и А.И., при што Б.И. испукал во воздух проектил од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 16:17 часот, полициски службеници од СВР Охрид ја приведоа С.А.(55) од Охрид. Таа е затекната при извршување кражба во продажен објект и притоа кај неа се пронајдени повеќе одземени производи, кои се вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во…

Повеќе