Author: Author 04

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот со закланите коњи во скопската Зоолошка градина. На расправата сведочеа актуелниот директор на ЗОО, Зоран Попов, и официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Одговарајќи на прашања на обвинителството, Попов потврди дека постои можност за кланица во рамки на институцијата, но истакна дека од неговото доаѓање во 2022 година не се користело коњско месо. Сепак, според кажувањата на постари колеги, како што посочи, таква практика постоела претходно. На денешното судење сведочеше и официјален ветеринар од АХВ кој рече дека лично ги видел десетте заклани коњи, како и…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 29-годишник од Челопек, на 16 октомври, ја загрозил сигурноста на сопствените мајка и татко кои насилно ги избркал од дома, заканувајќи им се по живот затоа што одбиле да му дадат пари. Родителите се засолниле во домот на вујкото, но за кратко време осомничениот дошол и со нож на расклопување во раката се обидел насилно да влезе во…

Повеќе

Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашното гласање во првиот круг од локалните избори и посочи дека Скопје избра иднина. -Од дното на моето срце, сакам да ви се заблагодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од овие избори. Резултатот е јасен и недвосмислен – Скопје гласаше за работа. Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, истакна тој. Ѓорѓиевски нагласи дека…

Повеќе

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, поточно одговарајќи на новинарско прашање посочи дека противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на црната листа на САД. „И да не забораваме тој е веќе осуден од Основниот суд за криминал во општината, така што тој е човекот којшто е нашиот противкандидат во Карпош и затоа сум убеден дека во Карпош имаме убедлива победа“, кажа Николоски. Николоски посочи „сигурен сум дека нема да гласаат за човек којшто веќе е осуден за криминал, и којшто е на црната листа на САД, повторно заради криминал и корупција…

Повеќе

Според податоците од долунаведениот графикон ВМРО-ДПМНЕ е убедлив лидер во освоени гласови за советничките листи, со вкупно 301.835 глас. На второ место, со значително помала поддршка, се наоѓа СДСМ со 125.838 гласа. ДУИ освоиле 114.246 гласови, додека ВРЕДИ освоиле 91.974 гласови. Левица добила поддршка од 57.065 гласачи, додека партијата ЗНАМ освоила 38.392 глас. Листата на ЛДП ГРОМ има најмал број освоени гласови, односно 11.882. Овие резултати јасно ја покажуваат доминацијата на ВМРО-ДПМНЕ во вкупниот број гласови за совети.

Повеќе

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. – Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција. Убеден е дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник. -Орце води 1:3, истакна Николоски. Во однос на противкандидатот за град Скопје, Амер Мециновиќ од Левица, посочи дека „сме партнери со САД и НАТО“ и…

Повеќе

Вчера во 10:00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговиот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет му го оштетил патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 16:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долна Матка, скопско, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Ј.Д.(71) од Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Владата е силно фокусирана на поддршка и развој на научно – истражувачката дејност, затоа што цениме дека таа е основата за развој на целокупното општество. Направивме многу во изминатиот период, а клучен стратешки приоритет во 2026 година ќе биде основањето на првиот јавен научно-технолошки парк, иницијатива која ќе ја зајакне истражувачката инфраструктура и ќе означи почеток на нова ера на технолошки развој и иновации во нашата земја. Ова, како што соопшти МОН, го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на панел-дискусија на тема „Истражувачка инфраструктура – двигател на триаголникот на знаење: искуства и најдобри практики“ организирана во рамки…

Повеќе

Вчера во 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба во Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

Повеќе