- ВЛЕН: Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ
- Светот во шок: Пронајдено тело на 12-годишно момче со крпа околу вратот, уапсен тинејџер
- Син се заканувал со нож на мајка си, уапсени сопрузи и партнери – Бранови од семејно насилство за едно деноноќие
- Полицијата не простува: Приведени 14 возачи
- Фатен на дело: Жител на Желино избегал од куќен притвор, па паднал во рацете на полицијата во возило со германски таблички
- Хаос во центарот на Скопје: Четворица Турци со „ауди“ удриле во мотор на млад доставувач, па брутално го претепале
- МВР со детали за пожарот во Радовиш каде гореше фабрика за текстил
- Експлодираше бојлер во викендичка, со тешки повреди итно хоспитализирана жена од Штип
Author: Author 04
Популарната социјална мрежа Instagram, која е во сопственост на Meta, ја воведува новата и долгоочекувана функција „Историја на гледање“ (Watch History). Овој потег е директен одговор на фрустрациите на корисниците кои со месеци се жалеа дека е речиси невозможно да се пронајде видео од Reels откако случајно ќе се скролува преку него. Извршниот директор на Instagram, Адам Мосери, ја потврди новата функција, истакнувајќи дека таа е дизајнирана да го реши вообичаениот проблем кога корисниците се обидуваат да се вратат на претходно гледано видео што заборавиле да го „лајкнат“ или зачуваат. Со овој апдејт, Instagram ја зацврстува својата позиција во конкуренција…
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во Маџир Маало, во општина Центар, каде заедно со кандидатот за градоначалник на општината, Мирослав Лабудовиќ, даде изјава за состојбите во овој дел од градот. Тој посочи дека поединци блиски до актуелното раководство на општина Центар го гледаат урбанизмот единствено низ призма на личен финансиски интерес, а поради тоа, граѓаните во Маџир Маало живеат во услови кои не доликуваат на 21 век. ,,Денеска ќе се видиме и ќе поразговараме со жителите на Маџир Маало, ова е срцето на главниот град, срцето на Скопје. За жал луѓето живеат во супстандардни услови и овде можете…
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави конкретно и реално решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот. Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. „Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на…
Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, меѓу кои: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци…
Времето утре претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.
Ноќеска во 00:55 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во село Габрово, делчевско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.З.(55) од с.Габрово, удрило во ограда на негов сосед. При преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно дека го управувал возилото 1,82 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода, информираа од полицијата.
Вчера во 21:13 часот на ул.„Солунска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Л.(42) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Л. при што е констатирано дека возилото го управувал со 2,99 промили алкохол во организмот.
Вчера во Кочани, полициски службеници од ОВР КОчани го лишија од слобода Ј.И.(57) од с.Бања, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „југо“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, удрил во неколку паркирани возила. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,01 промили алкохол во крвта.
Осомничените Сабахудин Рустеми и Аки Саити се во полициска станица Газибаба и сè уште трае рокот од 24 часа за полициско задржување додека се подготвува кривичната пријава, информираа за Телма од обвинителствотo. По пoднесувањето на кривична пријава, официјално се отвора истрага во чии рамки и доколку обвинителството оцени, може да се бараат и мерки за обезбедување на присуство на осомничените. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми беше приведен вчера, како и Аки Саити од Сарај, раководител во Кумунална хигиена, за несобирањето на ѓубрето во Скопје. „Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП Комунална хигиена Скопје, во врска…
Агенцијата за безбедност во сообраќајот предлага построги казни, како што се трајна конфискација на возила и затворски казни до 40 години за возење во пијана состојба Семејствата на жртвите истакнуваат дека недостатокот на каење кај возачите по несреќите дополнително ја зголемува нивната болка и бараат построги казни Само оваа година, 39 лица загинаа на српските патишта поради возење во пијана состојба. Меѓу нив имаше и деца. Повеќе од 1.100 лица беа повредени. Кај дури 1.200 возачи беше утврдено дека имале помеѓу 1 и 2 промили алкохол во крвта. Уште попоразително, во речиси 700 случаи, возачите имале повеќе од 2 промили.…
