Author: Author 04

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие. Следниот ден, кога се разбудил, видел…

Повеќе

На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Штип, Арачиново, Желино, Сарај, Теарце, Чаир, Богданци, Крива Паланка, Кривогаштани, Гостивар, Липково, Пласница, Чашка Општините каде ќе се…

Повеќе

По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови, велат од СДСМ.  „Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите.  За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид…

Повеќе

Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг. Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20%. Зад нив следуваат Башким Бакиу од ВРЕДИ со 27.864 гласови (12,00%), Каја Шукова од СДСМ со 26.714 (11,50%) и Скендер Реџепи од НАИ со 26.062 (12,22%). Втор изборен круг е извесен и во скопската општина општина Аеродром,…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени. Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. -Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори победи во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ во 9, СДСМ и Коалицијата во 8, Националната алијанса за интеграција во 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците, Унија на Роми, Група избирачи Менди Ќура и Група избирачи Азем Садиќи во по една општина. Според првичните резултати на ДИК по обработени 99,94 отсто од гласовите, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ победија во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Брвеница, Бутел, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци,…

Повеќе

Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг. Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20%. Зад нив следуваат Башким Бакиу од ВРЕДИ со 27.864 гласови (12,00%), Каја Шукова од СДСМ со 26.714 (11,50%) и Скендер Реџепи од НАИ со 26.062 (12,22%). Втор изборен круг е извесен и во скопската општина општина Аеродром,…

Повеќе

Три земјотреси синоќа ја погодија Албанија, а последниот со јачина од 4,4 степени беше почувствуван и во југозападните делови на Македонија – Охрид и Струга, но со послаб интензитет. Според првичните податоци, епицентарот бил во близина на Елбасан и Тепелена, на длабочина од околу 10 километри. Нема информации за штети или повредени лица.

Повеќе