- Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци
- Мицкоски за случајот „Мазут“: ЕСМ вложи жалба, очекувам Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи
- Македонија се враќа на Евровизија
- Димитријевиќ: Обвинителот Ало Савески експресно го спаси Мицкоски од кривична пријава за само 2 недели
- Хорор во скопско: Пронајдено тело на млада жена со прострелна рана во главата
- Мицкоски: Ќе ги разочарам сите оние кои што навиваат оваа Влада да не успее
- Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи
- Јотова: Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание
Author: Author 04
Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова денеска ги повика граѓаните да гласаат на фер, мирен и демократски начин. – Сметам дека секој глас на секој граѓанин е важен во изборниот процес без разлика дали се локални или парламентарни избори бидејќи го прават изборот за она што го очекуваме понатаму. Денеска гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје, изјави Шукова откако гласаше во основното училиште „Јан Амос Коменски“. Очекува граѓаните масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас бидејќи од нив зависат промените во главниот град и во останатите општини.
Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска. Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма, истакна Филипче. Филипче смета дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово го оствари своето право на глас во основното училиште „Песталоци“ во Скопје, при што изјави дека гласањето на локалните избори започнало на сите избирачки места низ државата. -Денес е ден на демократијата. Македонските граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас во рамки на мирни, фер и демократски избори, рече Тошковски. Тој информираше дека гласањето е започнато на сите избирачки места, вклучително и во едно мало село во општина Прилеп каде што имало кратко доцнење. Министерот нагласи дека над 90 проценти од капацитетите на МВР се ангажирани за обезбедување на изборниот…
Денес е празник на демократијата, ден кога гласот на секој граѓанин има сила да ја обликува иднината, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ве повикувам да излезете масовно, да го остварите своето право на глас и да го направите изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што доаѓаат, истакна Ѓорѓиевски откакоо го оствари своето право на глас. „Скопје заслужува визија, развој и сигурна иднина. Скопје го заслужува најдоброто!“, нагласи Ѓорѓиевски.
Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, , рече премиерот Христијан Мицкоски откако го оствари своето право на глас на денешните локални избори. Народот за време на кампањата, но и изминатиов период направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше, истакна Мицкоски. Мицкоски пораќа дека Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните.
Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумскопретставување, Советот на Агенцијата на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, соопшти АВМУ.„Спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М на 18 октомври, првиот ден од изборниот молк, емитуваше реприза на посебната информативна програма Клик плус – Изборни дебати, премиерно емитувана на 17.10.2025, реализирана како дебата во која учествуваат тројца кандидати за градоначалник на Општина Центар, односно емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите.ТВ Шутел на 18…
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28),…
Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31. -Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека…
Според достапните податоци, вкупната излезност во Македонија до 13:00 часот на локалните избори во 2025 година изнесува 20,16% од вкупно запишани 1.832.415 гласачи. Оваа излезност е речиси иста со онаа во 2021 година ( 20,55%), но значително пониска во однос на 2017 година (27,30%) и 2013 година (36,73%). Во Град Скопје, вкупната излезност е 20,07% од 474.304 гласачи, повеќе од 2021 година (18,71%). Највисока излезност во скопските општини има во Центар со 22,03% и Карпош со 21,69%.Од останатите градови, највисок одѕив има во Штип (24,23%) и Струмица (22,75%). Најниска излезност е забележана во Гостивар (11,66%).
Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
