Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31. -Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека…
Според достапните податоци, вкупната излезност во Македонија до 13:00 часот на локалните избори во 2025 година изнесува 20,16% од вкупно запишани 1.832.415 гласачи. Оваа излезност е речиси иста со онаа во 2021 година ( 20,55%), но значително пониска во однос на 2017 година (27,30%) и 2013 година (36,73%). Во Град Скопје, вкупната излезност е 20,07% од 474.304 гласачи, повеќе од 2021 година (18,71%). Највисока излезност во скопските општини има во Центар со 22,03% и Карпош со 21,69%.Од останатите градови, највисок одѕив има во Штип (24,23%) и Струмица (22,75%). Најниска излезност е забележана во Гостивар (11,66%).
Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
Денеска во 01:00 часот во СВР Скопје, Р.В.(27) од Битола пријави дека околу 00:20 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на 17/18.10.2025 во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и погоден алат влегло во објектот и од касите одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа во домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса izbori@jorm.mk не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело. Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село и извршен е разговор. Известена е Државната изборна комисија да го замени материјалот, но нема елементи на кривично дело. Во текот на вчерашниот…
Сремска Митровица утре ќе прогласи Ден на жалост поради сериозната сообраќајна несреќа во која загинаа тројца патници. МУП откри над 60 неправилности во работата на транспортниот оператор за време на инспекцијата Потполковник Дејан Стевиќ од Управата за сообраќајна полиција утрово изјави дека полицијата ги утврдила сите потребни факти за понатамошниот тек на истрагата на обвинителството за тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на Сремска Митровица, нагласувајќи дека се претпоставува дека прекумерната брзина е причина за несреќата. Три лица загинаа во сообраќајната несреќа во близина на Сремска Митровица. „Притворот на возачот во полиција истекува денес во 11:00 часот и…
Светски познатиот музеј Лувр во Париз е затворен по грабежот за време на кој бил украден накит што им припаѓал на Наполеон и Жозефина Бонапарта, во вредност од милиони. Грабежот во Лувр предизвика вонредна состојба во Париз и полицијата е насекаде. Во меѓувреме, полициски извори изјавија за „Ле Паризиен“ дека „криминалците пронашле пристап до зградата на брегот на реката Сена“, каде што се во тек градежни работи. Полицијата ги евакуира посетителите на музејот Фотографиите и снимките од местото на настанот покажуваат како паничените посетители на музејот се принудени да се евакуираат додека полицијата го блокирала просторот. Маскирани мажи носат моторни…
Според достапните податоци, вкупната излезност во Македонија до 11:00 часот на локалните избори во 2025 година изнесува 9,39% од вкупно запишани 1.832.415 гласачи. Оваа излезност е помала во однос на претходните локални избори: Во 2021 година, одѕивот до 11:00 часот бил 10,3%.Во 2017 година, излезноста била 8,91%.Во 2013 година, излезноста до 10:00 часот била 13,99%.Во Град Скопје, вкупната излезност е 6,65% што е значително помалку од 2021 година (9,54%). Највисока излезност во скопските општини има во Кисела Вода со 10,60%, потоа Бутел со 10,00% и Центар со 9,98%.