Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Падна првиот снег и во Македонија

    23.09.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
    • Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хуманост на Велики Четврток: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели над 300 оброци за бездомните лица

    Хуманост на Велики Четврток: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели над 300 оброци за бездомните лица

    09.04.2026 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод големиот христијански празник Велики Четврток, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на Здружението за помош на бездомници, Тони Станковски, организираше хуманитарна акција во која беа поделени повеќе од 300 оброци за социјално загрозените граѓани.

    Велики Четврток е ден за хуманост, ден кога сме најпотребни таму каде што болката и потребата се најголеми, напиша Ѓорѓиевски.

    „Грижата за бездомните лица е мерка на човечноста на едно општество.

    Токму таму каде што е најтешко, каде што недостигаат основни услови за живот, се покажува вистинската вредност на солидарноста.

    Денес, заедно со Тони Станковски, претседател на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, поделивме повеќе од 300 оброци, носејќи барем малку топлина и грижа во нечие секојдневие.

    Но, нашата посветеност не застанува тука.

    Од стапувањето на мојата функција, вработивме десеттина бездомни лица кои веќе го пронајдоа својот мир и добија кров над глава – нов почеток, нова надеж.

    Како градоначалник, но пред сѐ како човек, ќе го дадам и последниот атом од себе за да обезбедиме подобри услови за сите, за да има што помалку вакви судбини и што повеќе достоинствени животи.

    Секој човек заслужува достоинствен празник.

    А јас, заедно со мојот тим, секогаш ќе бидеме тука да подадеме рака, да донесеме надеж и да измамиме што повеќе насмевки и среќа.

    Да сте ми здрави и живи!“, стои во објавата од градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59

    Тинејџер ја натепал баба му

    23.09.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.